Актерката од златното доба на Холивуд, Џоан Фонтејн, која се прослави со улогите во филмовите на Алфред Хичкок, почина во недела на 96-годишна возраст, од природна смрт во својот дом во Кармел, Калифорнија.
Последната улога Џоан Фонтејн ја одигрува во 1994 година, а актерската кариера ѝ трае пет децении.
Фонтејн беше номинирана за Оскар со „Ребека“ а две години подоцна, ја добива златната статуетка за улога во филмот „Сомнеж“ со Кери Грант во главна улога.
По 1950 година, се свртува кон телевизијата, а неколку пати се појавува и на театарските штици на Бродвеј.
Џоан Фонтејн е сестра на Оливија де Хевиленд со која има тензичен однос, во кој преовладуваат и се менуваат професионалното ривалство но и приватното, особено кога ексцентричниот милијардер Хауард Хјуз, инаку партнер на де Хевиленд , ѝ нуди брак на Џоан Фонтејн.