Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска изјави дека сите мерки се преземени и сите институции се вклучени за да откријат што се случи во петокот во „ОХИС“.
– Инспекторите го пишуваат извештајот и сега ги чекаме анализите од лабораторијата за да видиме дали има преостанат ризик. Нема место за паника. Нема загадување на воздухот, изјави Нуредини по брифингот се медиумите.
Тој уверува дека нема место за паника и ситуацијата е под контрола.
Државниот инспектор за животна средина Пејо Кировски, кој бил на терен за овој случај, изјави дека се работи за излевање на течност при перење на цистерна која порано содржела метил акрилат мономер.
– При испирањето со вода дошло до протечување на вентилот и течноста е пролеана во танкваната или бетонската када, која служи во случај на инцидент да не дојде до излевање на површината на почвата и да не дојде до загадување на земјата и водата. Како резултат на тоа, од наша страна е дадено задолжение веднаш да се собере таа течност од танкваната, бидејќи се ширеше една миризба која малку ги вознемири граѓаните. Но, вечерта околу 20:30 часот тоа се беше завршено. Препокриена беше кадата со струготини од дрво, пилевина. Тие струготини наредниот ден, на 9 ноември, беа собрани и кадата беше дезинфецирана со варова вода, изјави Кировски.
Тој информира дека на 9 ноември бил направен контролен инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина.
Одговарајќи на новинарско прашање колкаво количество било ослободено во воздухот, тој рече дека од страна на единица на АРМ било извршено испитување и се уште ги немаме добиено резултатите во Државнииот инспекторат за животна средина. Кога ќе ги добиеме ќе кажеме какви се концентрациите.
Од фирмата „Еко центар 97“ велат дека паралелно со тендерот за продажба кој го распишал АД ОХИС по решение на судот, бил објавен тендер за чистење од 11 опасни хемикалии кои тие го добиле и треба да ги изнесат од државата.
„Пропишани се строго условите, сите хемикалии да бидат надвор до Македонија и фирмата да има или лиценца за управување со ваков опасен отпад или да има странска компанија како поддршка. Еко центар 97 има склучено договор со Еко мозаик домашна форма, лиценцирана за консултации за справување со опасен отпад и постапувано е по нивен елаборат. Ова е прв ваков прокт и во државата никој нема искуство. На километар и пол одалеченост има 11 разни видови отпад, а најопасниот е хлор винил хлорид. Хлорот е остранет. Другите 9 се спремни за извоз по сите меѓунарони прописи и очекуваме дозвола за извоз за седум земји низ кои треба да помине за да стигне до Швајцарија“, изјави Владо Момировски сопственик на „Еко ценатр 97“.
Досега се спакувани 65 до 70 тони хемиски отпад. Засега нема конкретно решение за винил хлоридот кој е во цистерната, а никој партнери од меѓународните партнери не сакал да дојде да направи увид пред преточување. Винили хлорид е најопасна материја. Само две печки во Европа го согоруваат, уништен е пред 30 годии и не поседуваат вакви филтри.
Момировски тврди дека секојдневно се мери и се чува 24 часа винил хлоридот. Спакуваните буриња не испаруваат и можат така да стојат со години. Се друго испарува и може да дојде до несакани последици.
Во саботата, државниот секретар Ана Петровска, за НОВА потврди дека собирањето на водата со траги од претходно складираната материја, требало да го изврши фирма лиценцирана за постапување со опасен отпад од Бугарија. Бугарската компанија и претходно се вклучувала кога се отстранувал хемиски отпад, а оваа лиценцираната компанија вршела надзор три пати и тоа кога се пакувал отпад со непознат состав, хлор и метанол.
Таа потенција дека секогаш кога се спроведувала постапка поврзана со пакување и одвоз на опасен отпад, бил информиран и државен инспектор за животна средина, а надлежен инспектор досега три пати вршел надзор.
„Извештаи за спроведените активности (кои започнале уште во февруари годинава) подготвувала компанија што „Еко центар 97“ ја ангажирал за изготвување на документација за чистењето на хемикалиите (Елаборат за заштита на животната средина) и за надзор врз спроведувањето на активностите. Изготвени биле околу 20-тина извештаи. Овие извештаи биле доставени до стечајниот управник и стечаен судија. Не е познато дали тие ги доставувале до инспекторатот“, вели Петровска.
Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Сектор за управување со отпад од Министерството за животна средина вели дека се работи за имот кој не му припаѓа на ресорното Министерство за животна средина, а доверителите распишуваат тендер и одлучуваат.
– Ние учествувавме само во еден дел, кога не консултираа на кој начин треба да се избере компанијата, односно кои се критериумите кои треба да ги задоволи компанија која може да се јави на тој тендер. Немавме никаква одговорност како Министерство за животна средина и просторно планирање во целата постапка, рече Каранфилова Мазневска.
Тие, како што појасни, ги дале насоките на кој начин треба да се избере компанијата, во смисла кои критериуми треба да ги исполнува генерално за да може да се јави на повик, но директно не учествувале во изборот на компанијата.
– Понатаму постапката, по изборот на компанијата, таа се обраќа до нас. Се изготви елаборат за оценка на влијанието врз животната средина, се издаде решение во кое се пропишани сите мерки и активности кои задолжително треба да се преземат од страна на правното лице кое е избрано да ја врши таа постапка. И тука е улогата на Министерството и на Државниот инспекторат за животна средина за да врши редовни контроли во инсталацијата, рече Каранфилова Мазневска.
Таа вели дека до нив се стигнати неколку барања за издавање одредени дозволи или елаборати за оценка на влијание врз животната средина за одредени компании кои во иднина би сакале да работат во кругот на „ОХИС“.
Како што веќе објави НОВА, инструмените на професорите од Лабораторијата „ЕМБИКОН“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип уште во саботата покажаа дека во дворот на ОХИС и околу него нема пристуство на метил акрилат мономер. Околу резервоарот и старите цевки биле забалежани кратки детекции и одредена концентрација која се менува повремено. Експертите од УГД во Штип дошле да видат што се случува и да ја проверат документацијата на фирмата „Еко центар 97“ бидејќи пред една недела судот од нив побарал да вршат надзор на работата.
Надлежните треба да одговорат, зошто фирмата досега работела без надзор, вршеле отстранување, пакување, складирање и транспорт на опасниот отпад во ОХИС, за кој стручњаците велат дека е рамен на експлозив.