Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Самарас е творец на проблемите

0
By Нова ТВ on December 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 17, 2013 12:09

Премиерот Никола Груевски го нападна неговиот грчки колега Антони Самарас тврдејќи дека тој игра на картата на национализам. Тој вели дека грчкиот премиер саката „да ја торпедира“ Македонија во приближувањето кон ЕУ.

„Тој е творец на проблемите. Тој во 1991 заедно со тогашниот премиер Константин Мицотакис оваа тема ја стави на тапет, пред тоа немаше спор околу името. Самарас својата целокупна кариера ја изгради на националистичка реторика и конфликт со Македонија“, го критикува Груевски својот колега во интервју за виенскиот дневник „Пресе“.

Тој додава дека како министер за култура Самарас во 2008 грчката стратегија ја објасни на начин дека Атина мора да го одложи решението се додека Македонија не се распадне и не биде апсорбирана од своите соседи, пренесува српскиот портал B92.

Денеска според неговите зборови, Самарас користи поинаков речник, но неговите ставови останаа непроменети.

Прашан дали тоа значи дека нема компромис се додека Самарас е на власт, премиерот Груевски во интервјуто за виенски „Пресе“ одговара дека во тој случај Македонија ќе мора да ги прифати сите Грчки барања, што не е компромис.

На прашањето кога очекува почеток за пристапни преговори со ЕУ, Груевски вели дека е тоа едно од најтешките прашања.

„Соочени сме со фактот дека немаше никакви директни преговори веќе една и пол година, и тоа заради тоа што другата страна не сака да разговара за решавање на спорот за името. Климата е многу влошена со доаѓањето на власт на новата грчка влада кон средината на 2012. Јас чувствувам дека другата страна не сака компромис,“ објаснува тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.