Стотици тони пластичен и друг отпад се исфрлаат од Јадранското Море при секоја посилна бура, а најпогодени се бреговите на островите, но и подрачјето на Дубровник.
Според „Далмација данас“ најчесто станува збор за ѓубре од Албанија, каде тамошниот отпад неконтролирано завршува во реките кои абнормалните количини пластична и друга амбалажа ги носат до Јадранското Море. Потоа морските струи и брановите го носат ѓубрето на морското дно и на хрвтаските плажи.
„Секако, ниту домашното население не е вакцинирано против еколошко самоубиственото однесување, посочува „Далмација данас“.
Фотографијата која ја објави порталот е настаната по вчерашното невреме во Хрватска.
Хрватското крајбрежје е зафатено од силно невреме, проследено со силен ветер, предизвикувајќи проблеми во поморскиот и копнениот сообраќај. Невремето почна вчера, а метеоролозите најавуваат дека слична ситуација се очекува и денеска и утре.
Во прекин се бројни траектни, бродски и катамарански линии – од северен Јадран до Дубровник, јави Индекс. Поројниот дожд ги поплави крајбрежните шеталишта, а црвен аларм е во сила за подрачјето на Истра и Лика и Горски Котор.
Хрватски авто-мото сојуз информира дека поради силниот ветер на некои патишта сообраќајот е ограничен само на патнички, додека на камионите и автобусите им е забрането движење.




