НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прв чекор кон акредитација: Почна реконструкцијата на Централната лабораторија

0
By Нова ТВ on November 17, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерство за животна средина и просторно планирање почна со уредување опремување на Централната лабораторија на Министерството, кое треба да му претходи на процесот на акредитација. Деновиве е објавен оглас за јавни набавки во вредност од 41 илјада евра за изведување на работи на Реконструкција и адаптација на просториите на Централна лабораторија на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со неакредитирана лабораторија загадувачите се невидливи за државата

Сместена во еден изолиран дел од некогашна Железарница, зградата на лабораторијата на МЖСПП тешко се пронаоѓа и очигледно помни поубави времиња. Просториите се прилично руинирани, но одделенијата се солидно опремени.

Иако постои уште од осумдесетите години на минатиот век, а во составот на Министерството се наоѓа уште од неговото основање во 1995 година, оваа Лабораторија се уште не е акредитирана за своите методи на работа, а испитувањата што ги прави, без оглед на тоа колку се прецизни, сега не можат да се сметаат за цврст доказ, посебно во судските постапки против загадувачите.

Поради тоа, и покрај повремените набавки на современа опрема за лабораторијата кои се вршат, донациите кои се добиваат, како и обуките на стручниот кадар со кој лабораторијата располага, таа досега беше недоволно искористен потенцијал.

Процесот на акредитација ќе биде долготраен и освен уредувањето на просториите на Централната лабораторија треба да опфати и доопремување на сегашната апаратура и инструменти, а потоа и избор на консултантска куќа која треба да го води процесот на акредитирање на методите за работа на лабораторијата.

Откако ќе биде акредитирана, Лабораторијата на МЖСПП ќе треба да претставува важна алка во синџирот на заштита на животната средина со основна задача на утврдување на постоење на загадувањето и на изворите на штетните емисии во воздухот, водата и почвата, помагајќи им на инспекциите за животна средина во утврдувањето на тоа кој, колку и каде загадува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.