Приказната почнува во 1942 год., со анегдота од штипската гимназија каде неколку ученици пишуваат на табла „Не веруваме во господ“ токму пред часот по веронаука. Завршува во 1982 година, непосредно пред смртта на Ацо Шопов, чијашто 90 годишнина од раѓањето НОВА ТВ ја одбележува овој месец со објавување на серија видео записи. Во оваа епизода, Акад. Јордан Поп-Јорданов, школски другар и соборец на Ацо Шопов дава трогателно сведоштво за нивното големо пријателство.
2002: Јордан Поп-Јорданов: сеќавање за Ацо Шопов