НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студии: Остатоците од лекови се глобален ризик за околината

0
By Нова ТВ on November 17, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Остатоци од милијарди дози антибиотици, лекови против болки и антидепресиви се голем ризик за слатководни екосистеми и глобални синџири на храна, се вели во нова анализа.

Стравувањата се зголемуваат ширум светот околу катастрофалното влијание од неконтролирано консумирање антибиотици во медицината и добитокот врз животната средина и здравјето на луѓето.

Кога животните и луѓето земаат антибиотици, до 90 проценти од активните состојки се излачуваат назад во околината. Многу лекови едноставно се исфрлаат – се проценува дека само во САД, третина од четирите милијарди лекови пропишани секоја година завршуваат во ѓубре.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги спореди податоците за концентрацијата на остатоци од лекови во примероците на вода низ целиот свет, како и трендовите во препишувањето на лековите и регулативите за третман на отпадни води во различни земји.

Според студија наведена во извештајот, околу 10 отсто од сите фармаколошки производи се потенцијално штетни за животната средина, вклучително и хормони, аналгетици и антидепресиви.

ОЕЦД вели дека употребата на антибиотици кај добиток се очекува да се зголеми за најмалку 70 проценти во текот на следните десет години, предизвикувајќи загриженост за порастот на отпорност на антибиотици.

Според извештајот, се очекува значително да се зголеми бројот на пропишани лекови.

Друга студија објави дека „многу високи“ концентрации на остатоци од фармацевтски производи се веќе откриени во  води во Кина, Индија, Израел, Јужна Кореја и САД.

Во Велика Британија, супстанци како што се етинилестрадиол, диклофенак, ибупрофен, пропранолол и антибиотици сега има во 890 пречистителни станици за отпадни води во концентрации доволно високи за да предизвикаат неповолни влијанија врз животната средина, според друга студија.

„Остатоците од фармацевтски производи се откриени на површината и подземните води низ целиот свет“, вели Хана Леки шеф на студија.

„Се уште не знаеме многу за нивната појава, а уште помалку за концентрациите што ги наоѓаме“.

Повеќе од 700.000 луѓе веќе умираат секоја година од заразни болести отпорни на антибиотици.

Бидејќи глобалното население расте и старее, а бројот на пропишани лекови се зголемува, тој број може да се искачи на 10 милиони годишно до 2050 година, што е повисоко од бројот на луѓе кои умираат од карцином.

„Освен ако не се преземат мерки за контрола на ризикот, фармацевтските остатоци ќе бидат повеќе пуштени во животната средина со стареење на популацијата, напредок во медицината и зголемено производство на месо и риба, што дополнително ќе ја зголеми побарувачката за лекови во светот“, се вели во извештајот .

И ситуацијата ќе се влоши со порастот на климатските промени, што ќе го поттикне ширењето на заразни болести и ќе се зголеми бројот на луѓе кои страдаат од болести како што се тропска денга или маларија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.