Извештајот на Google кој ги објавува најпребаруваните термини за 2013 година, излезе. Статистиката од Google е веројатно и најголемиот индикатор за тоа што најмногу ги интересирало луѓето изминатата година.
Според Google, можеби очекувано, на прво место е Нелсон Мандела, за кој доаѓаа пораки за последни почести од речиси целиот свет. Помеѓу најчестите пребарувања во изминатата година се и немили настани, како што е терористичкиот напад на Бостонскиот маратон и разурнувањето кое го направи тајфунот Хајан. Трагичната смрт на актерот Пол Вокер се најде на второто место на листата.
И оваа година листата не остана без Apple, iPhone 5s е на трето, а нивниот најголем конурент Samsung Galaxy S4 на осмо место според пребарувањата. Од техничките уреди место на листата има и за Play Station 4.
Конечната листа на ТОП 10 пребарувања:
1. Нелсон Мандела
2. Пол Вокер
3. iPhone 5S
4. Кори Монтејт
5. Harlem Shake
6. Бостонски маратон
7. Бебето на британскиот принц
8. Samsung Galaxy S4
9. PlayStation 4
10. Северна Кореја
И оваа година Google излезе со традиционалното видео.