Шарлот Кашираги (27), ќерката на принцезата Каролина од Монако, роди син во врска со актерот Гед Елмале.
Актерот и комичар 15 години е постар од Шарлот, а таа за прв пат го претстави во јавноста во март оваа година, на традиционалниот Бал на ружите во Монако.
Во март оваа година, принцезата Каролина стана прв пат баба – внукот Саша го доби од синот Андреа и неговата сопруга Татјана Санто Доминго.