НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хиените кои кружат околу Катица и Боки 13

0
By Биљана Секуловска on November 23, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Приказната за Катица Јанева и Боки 13 е тажна приказна на ова време кое го живееме.

Тоа е некаква поголема приказна на хиените, која сите ние и не ја знаеме- во кои тие двајцата и не се главните ликови, дури и не успеале да избегаат од канџите на тие хиени, со кои земјава се накоти. Оние алчни, грабливи и притаени хиени, кои растргнуваат пред себе сè што ќе намирисаат дека би можело да биде податен плен, откако ќе ја расплетаат мрежата и ги чекаат заинтересираните клиенти еден по еден, чекор по чекор, истрајно, трпеливо, во пријатна несоница.

Подоцна на сцена доаѓаат вешто одбраните, несреќните ликови како Јанева и Боки, свесно вмешани секако, но дали и докрај несвесни за сопствената улога на примамливи жртви, кои мирисаат на свежа крв преточена во заводливиот мирис на парите и моќта.

Или можеби некому му изгледа поверојатно другото сценарио- во кое двајцата се согласиле да бидат дел од големата игра- дури и да се жртвуваат самите себе, за широкограда отштета, но за повисоки цели кои хиените ги имале- да се разниша политичкиот естаблишмент, кој безглаво би итал кон пропаста, можеби. Картата е таа на која се игра, тоа е единствено сигурно- политичките челници да се идентификуваат токму со оваа афера, сеедно дали има докази или не- за некаква допирна точка со коруптивните и криминални зделки.

И каква штета, подоцна и никому не му е ни малку жал, ниту чувствува горчина, ниту некаква тага, кога ја гледа Јанева на снимките и сликите како мора да биде понижена до крај. Маскирана сосема, заробена со лисици кои не можат да се видат од марамата заврзана врз нив, изгубена и уништена потполно. Благодарејќи на нашата хиенска природа, само на анималните нагони кои ги водат овие времиња.

Вториот ден, после приведувањето во куќен протвор, после сите шпекулации и лажни вести дека тоа и не била воопшто Јанева, затоа што и не се наѕираше нејзиниот лик, ниту како едвај видлив обрис, мора докрај да следува ново понижување. Сликана од некој друг балкон веројатно, како седи на ниско столче, пуши цигара и гледа некаде со празен поглед, задлабочена, изгубена, којзнае колку сомелена.

Затоа и ни станува премногу жал пред сè за самите нас, за онаа носталгија на нашите изгубени времиња, за оние времиња кога марширавме за неа, и за нас, повторно. Во таа наша жал сега таа не влегува воопшто, и затоа жалта станува уште поголема за сите нас, вклучувајќи ја неа, исклучувајќи ги хиените, од кои никој и не може да нè оттргне, барем засега.

На некој километар повеќе, седи и тој- нејзиниот веќе не така свеж, но се уште осамен другар, со кратка кариера на нејзин ортак, Боки, зад решетките, и чека некакво минимално ослободување. Барем еднаква казна, каква што таа доби- домашен притвор, со секојдневно надгледување и веројатно будно снимање, кое ќе продолжи по она балконското, првичното.

Веројатно има причина зошто тој не може да биде пуштен исто така дома, претпоставувам е голема и сериозна, но, сепак. Опасноста од евентуално бегство веќе и не ни натежнува, после она на Груевски- после неговото, навистина ниту еден апсурд не може да нè заболи така сериозно и длабоко.

Пуштањето на Јанева, колку и да создало бес и лутина кај обвинителката Русковска веројатно не може да смени ништо повеќе и подраматично во оваа земја, која повеќе не може да преживее без мирисот на свежа крв.

Ние толку многу се навикнавме на тоа одурно смрдење на лепливоста на таа крв, толку станавме зависни од одвратноста во која навиваме да живееме, што понекогаш изгледаме дека ни е сеедно која е целосната вистина зад таа приказна на хиените со кои сме опкружени.

Но, сепак, она што најмногу ни треба е точната приказна- што навистина се случило тој ден- кога тие двајца, Јанева и Боки првпат се запознаваат. Некој некому се јавува за тоа да се случи, да им се сретнат погледите и да си пружат рака, или можеби сè е случајност, непланирана и секако дури и можна, но, зарем е тоа навистина така?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.