Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: За 9 месеци годинава, 610 жени биле жртви на семејно насилство

0
By Нова ТВ on November 25, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 25, 2019 10:09

Секоја трета жена во светот се соочила со некаква форма на насилство, а според податоците на Обединетите Нации, семејното насилство е убиец број еден на жените.

-Наместо жената да биде и да се чуствува безбедна во домот, понекогаш најголемата опасност за неа доаѓа токму оттаму. Во нашата земја, само во првите 9 месеци од 2019 година, пријавени се 709 кривични дела од областа на семејното насилство, од кои, 610 биле жени жртви. Семејното насилство и насилството врз жени несразмерно повеќе ги погодува жените, токму поради тоа што се жени, посочуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Во соопштението по повод Меѓународниот ден на елиминирање на насилството врз жените, од Хелсиншкиот комитет потенцираат дека истражување на ОБСЕ покажува оти „само два отсто од жените кои доживеале насилство од сегашен партнер, го пријавиле во полиција, како и дека тоа зборува дека бројката на жени кои трпат насилство е многу повисока од официјалните статистики.

– Исто така, загрижувачки е трендот на прифаќање на насилството во земјата. Истражувањето на ОБСЕ открива дека  „три од пет или 60 отсто жени сметаат дека насилството врз жените е вообичаено, а речиси три од десет сметаат дека тоа е многу честа појава.“ За да се победат овие поразителни бројки, мора да работат заеднички сите актери во општеството: институциите, граѓанските организации, медиумите како и секој граѓанин. Насилството врз жени не е приватна работа, тоа  е општествена појава која треба да се искорени, се вели во соопштението од Хелсиншки комитет.

Ја поздравуваат иницијативата за подготовка на нов Закон против насилство врз жени и семејно насилство кој ги следи одредбите на Истанбулската конвенција, а бил изготвен во процес на консултација со граѓанскиот сектор.

– Новиот нацрт – Закон препознава и санкционира и нови форми на насилство врз жени, дефинирани и во Истанбулската конвенција.  Но, потребно е негово побрзо усвојување, за да се започне со обезбедување сеопфатни сервиси до жртвите, велат од Хелсиншкиот комитет.

Насилството врз жените и семејното насилство, потенцираат,  ја ограничува жената да учествува во економскиот и општествениот живот, предизвикува депресија, чуство на немоќ и безизлезност, а и е грубо кршење на нејзините основни човекови права. Оттаму, сите треба да дејствуваме заедно за да се искорени оваа деструктивна појава во нашето општество.

Најчесто останува непријавено

Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените е востановен на првиот состанок на феминистките од Јужна Америка и Кариби (Feminist Encuentro) во 1981 година во Богота. Првпат жените отворено зборуваа за семејното насилство, силувањето и сексуланото злоставување, како и насилството на кое се изложени жените од страна на режимите, вклучително тортурата и насилството врз политичките затворенци.

Дваесетти петти ноември е избран како ден на сеќавање на сестрите Мирабел – Патрија, Минерва и Марија Тереза, кои беа брутално убиени од диктаторот Рафаел Трујило во Доминиканска Република во 1960 година.

Генералното собрание на Обединетите Нации со резолуција 54/134 на 17 декември 1999 година официјално го потврди 25 ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, на што претходеше Декларацијата за борба против насилство врз жените од 20 декември 1993 година.

Декларацијата го дефинира насилството врз жените како „каков било акт на родово базирано насилство, што резултира во или може да предизвика физичка, сексуална или психолошка штета или страдање кај жените, вклучително и закани од такви дела, принуда или произволно лишување од слобода, без оглед дали се случуваат во јавен или во приватниот живот“.

ОН наведуваат дека се поразителни бројките за насилството врз жените и девојчињата во светот.

1. Секоја трета жена и девојче биле жртви физичко или сексуално насилство во животот, најчесто од страна на партнерот;

2. Само 52 проценти од жените во брак или во врска слободно носат одлуки за сексуалните односи, употреба на контрацептивни средства и здравствената заштита;

3. Речи 750 милиони жени и девојчиња стапиле во брак пред нивниот 18. роденден, додека 200 милиони жени и девојчиња претрпеле осакатување на гениталиите;

4. Во 2017 година секоја втора жртва била убиена од нејзиниот партнер или семејството, додека во слични околности тоа му се случило на секој 20 маж;

5. Над 70 проценти од жртвите на трговија со луѓе ширум светот се жени и девојчиња, а секоја трета од нив е сексуално експлоатирана;

6. Насилството врз жените е сериозна причина за лошо здравје кај жените, повеќе отколку сообраќајните несреќи и маларијата заедно. Тоа може да предизвикува смрт и неспособност кај жените во репродуктивна возраст.

Насилството врз жените и девојчињата (VAWG) е едно од најраспространетите, постојани и погубни кршења на човековите права, а најчесто останува непријавено поради неказнивоста, молкот, стигмата и срамот на жртвите.

Насилството врз жените и девојчињата има повеќе облици – физичко, сексуално и психолошко.

Додека родово-базираното насилство може да се случи на секого, каде било, некои жени и девојчиња се особено ранливи – на пример, млади девојчиња и постари жени, жени кои се идентификуваат како лезбејка, бисексуалци, трансродови или интерсекс, мигранти и бегалци, домородни жени и етнички малцинства или жени и девојчиња кои живеат со ХИВ и хендикеп и оние кои живеат преку хуманитарни кризи.

Насилството врз жените продолжува да биде пречка за постигнување еднаквост, развој, мир, како и за исполнување на човековите права на жените и девојчињата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 7, 2026

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

ВЕСТИ June 7, 2026

 На 32. Програмски конгрес на СДСМ во Скопје, се обратија претставници од сестринските социјалдемократски партии…

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.