НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се одбележува роденденот на Тоше Проески

0
By on January 25, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Видеото со новата песна на Тоше Проески „Све је ово премало за крај“ од денеска може да се види на www.onairmusic.mk

Фондацијата „Тоше Проески“ одлучи да ги заштити делата на починатиот пејач од секакви злоупотреби. Како ексклузивен сопственик на неговите дела, фондацијата склучи договор со канадската музичка компанија OnAir.FM.

Исто така OnAir.FM Macedonia ги извести фановите на Тоше Проески да не ги злоупотребуваат видео клиповите со преаплоадирање на разни youtube канали бидејќи со таков чекор само одмагаат кон целта да се зачува културното богатство кое зад себе го остави Тоше.

Триесет и вториот роденден на Тоше денеска се одбележува во Спомен-куќата во Крушево, каде што во чест на најголемата македонска музичка ѕвезда се одржа  концерт на кој ќе бидат изведени негови песни.

Настапија Билјана Талеска, Андријана Јаневска, „Некст тајм“, Александра Пилева, Бендот на Тоше и неговиот внук Кристијан. Ликовниот уметник Сократ Лафазановски подари слика во чест на Тоше.

Годишнината од раѓањето на Тоше ќе биде одбележана со промоција на албум со најголемите негови хитови, меѓу кои е и една нова песна  „Све је премало за крај“, за која ќе биде промовиран и видеозапис. Тоше ја снимил песната во 2006-та, автор на музиката и текстот е Јелена  Трифуновиќ, а аранжманот е на Никша Братош.   
 
За роденденот на Тоше во Дом на АРМ во Скопје има акција за дарување крв која ја организира Црвениот крст на Град Скопје во соработка со Тоше фан клуб форумот.  
Оваа година се очекува и објавувањето на книгата за Тоше со наслов „Ова не е крај“ на која работи Соња Алексовска-Неделковска.

Во изминатите четири години, меморијалните концерти за роденденот на Тоше се одржуваа во Скопје. Првиот беше на 5 октомври 2008 на Градскиот стадион, каде учествуваа познати имиња од естрадата на Балканот, а присуствуваа над 40.000 луѓе. Беше насловен „Те сакаме сите, Тоше“ и беше по повод една година од последниот негов концерт.

Со одлука на фондацијата, од 2010-та концертот за Тоше се одржуваше на неговиот роденден во јануари, а фановите продолжија да го одбележуваат и датумот од последниот концерт и на секој 5 октомври да организираат „Ѕвездено небо“ на плоштадот во Скопје. Во 2010. и 2011 година меморијалниот концерт „Со љубов за Тоше“ се одржа во преполниот Спортски центар „Борис Трајковски“, каде настапија  негови колеги, пријатели и соработници од регионот.

На сите меморијални концерти имаше и изненадувања за публиката, постхумна промоција на непознати композиции од Тоше, како дуетот со внук му Кристијан  – „My Little One“, потоа „Још увек сањам да смо заједно“, „Наслони главу на моје раме“, „Can You Feel The Love Tonight“…

Четвртиот концерт минатата година беше поинаков од претходните и се одржа во Македонската опера и балет. Идејата на организаторите била на публиката да и се открие првата љубов на Тоше – операта, па неговите хитови прозвучија како арии, изведени од познати солисти од Македонија и од соседните земји. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.