Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Титаник“: Во мобилни станици за болни и инвалиди се сликале лицата од Албанија

0
By Нова ТВ on November 26, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 26, 2019 13:50

Судењето за предметот „Титаник“ за изборни нерегуларности денеска продолжи со сослушување на сведок вработен во Полициска станица Ресен кој работел на прием и издавање лични карти и пасоши.

Сведокот Дитурим Сулејмани рече дека за текот на процедуратата, дали таа ќе биде запазена или не, зависело од наредбите што ги добивале „од горе“.

– Дојде еднаш шефица Лилјана Котиќ и ми рече дека се јавила началничката Надица по телефон и дека кажала сите барања за лична карта што ќе дојдат, без разлика дали се комплетни или не, да бидат примени. Јас реагирав, по што ми рекоа дека тоа не е моја работа. Така рекоа од горе, рече сведокот Сулејмани.

Сите овие лица беа сликани, објасни сведокот, нагласувајќи дека имало случаи каде 50-60 лица имале договор за иста адреса.

– Кога рагирав дека нема услови за живеење на толку луѓе на едно место, веднаш ми се јави началничката и ми рече дека не е моја работа дали имаат услови за живеење или не, и дека моја работа е да ги примам барањата, изјави сведокот Сулејмани.

Во 2012 година имаше списоци, рече сведокот, со лица потпишани од градоначалникот Едмонд Темелко, што беа доставувани до МВР, од каде беа пуштени кај нашата шефица и потоа ми беа дадени да ги процесирам.

– Имаше и мобилна станица, наменета за сликање инвалиди и неподвижни лица, а се користеше и за други работи, што е противзаконски, рече сведокот Сулејмани.

На прашање од обвинетиот Илија Димовски, дали лицата за кои зборува пред да ја започнат постапката за лична карта, поседувале државјанство, сведокот одговори потврдно.

Прашан дали барањата биле целосно комплетирани од надлежните, сведокот одговори дека ги сликале пред да биде завршена процедурата.

Во однос на тоа дека мобилните станици согласно закон можеле да се користат за сликање во странство на лица со македонски пасош, сведокот рече дека лицата доколку беа во Албанија можеле да се сликаат таму, но не тука.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Случајот го отвори СЈО, за потоа да го преземе државното Јавно обвинителатво, а случајот повторно беше распределен на јавната обвинителка Лиле Стефанова.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.