НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германски експерт ги обучува македонските лекари како да се избегнат инциденти со пациенти

0
By Менче Атанасова Точи on November 26, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како да се подобри односот на лекарите со пациентите со комуникациски вештини со хроничните болни и тие со карцином, како и со психијатриските пациенти и нивните семејства. За таа цел, Лекарската комора покани експерт, искусен професор од Германија Уве Гилер кој како предавач на оваа тема ќе зборува пред македонските лекари на Медицинскиот факултет во Скопје, денес и во наредните два дена.

„Ова е предавање за подобрување на комуникациските вештини меѓу докторите и пациентите, меѓу докторот и семејството на пациентот. Наша беше идејата да ги викнеме и здруженијата на пациенти и докторите, да видиме што ни недостасува, како може еден експерт да помогне за да видиме како тој однос да се подобри, изјави за НОВА, доц.др. Калина Гривчева Старделова,  претседател на Лекарската комора.

Калина Гривчева Старделова, претседател на Лекарска комора

Во Македонија чести се инцидентите каде што револтирани пациенти или нивните семејства се агресивни, а пристапот на дел од медицинскиот персонал некогаш не соодвествува. Само во последната година во МВР се пријавени над десетина случаи на напади врз доктори и медицински сестри.

Во јавноста се познати случаите кога доктор во тетовската болница беше претепан од семејство на пациент, нападот врз доктор во болницата во Кичево, врз медицинска сестра во поликлиниката во Драчево, на Ургентниот центар и Клиниката за неврологија, како и во двете градски болници. Многу од  случаите, особено вербалните не се пријавени.

Професорот Гилер вели дека во Германија континуирано се прават обуки и разни предавања кои даваат солидни резултати.

„Имаме предавања и обуки преку работилници да се подобри таа комуникација, да му се овозможи на пациентот да учествува во донесувањето на одлуките. Со помош на тие обуки успеавме да создадеме пријателски однос со пациентите за полесно да се совладаат  моментите на криза“, изјави за НОВА, професорот Уве Гилер.

Во Германија еден лекар беше убиен од психијатриски пациент, а само во последната година регистрирани се стотина случаи на напади врз доктори од пациенти или членови на нивните семејства, потенцира професорот Гилер.

Проблемот е глобален и затоа современиот свет работи на негово решавање. Во Германија студентите на медицина уште во првите години на факултет изучуваат комуникациски вештини за односот со пациентите. Во нашата држава таков предмет на Медицинскиот факултет не постои.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.