НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

В петок Марш за чист воздух #ЗеленаРеволуција

0
By Нова ТВ on November 27, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Под слоганот #ЗеленаРеволиција, иницијатива Fridays for future Македонија в петок (29 ноември) најави  марш за чист воздух, кој треба да започне од 17 часот од Министерството за животна средина и да заврши пред Владата.

-Додека светот бара решение за климатската криза, тука се соочуваме со незапаметено загадување на воздухот. Во овој токсичен амбиент повеќе од 3500 луѓе годишно умираат од болести поврзани со аерозагадувањето, а останатите гледаат што побрзо да ја напуштат државата. Причината за загадувањето кај нас, и за климатските промени пошироко, е иста: тотална подреденост на сите економски сектори на фосилните индустрии контролирани од бизнис елитите, и тотална незаинтересираност на политичките елити за било какво справување со овој неодржлив систем. Бараме радикална промена на политичките приоритети и радикална трансформација на општествено-економската поставеност, која ќе ја отфрли саможивата филозофија на владејачката класа и која ќе го стави обичниот човек на прво место.

Во спротивно, нашиот одговор ќе биде радикален. Во секојдневие кое се повеќе наликува на Чернобил, повеќе немаме што да изгубиме, се вели во повикот од активистите кои најавуваат дека од масовноста на овој протест зависи дали политичарите ќе го слушнат барањете за основни услови за живот со оглед на претстојните избори.

Животната средина е најголема преокупација на европските граѓани

Најновата анкета на јавното мислење на Фондацијата Бертелсман покажува дека вкупно 40 отсто од европските граѓани изјавиле дека заштитата на животната средина е најважната тема на која треба да се фокусира идната Европска Комисија.

На второ место, европските граѓани сметаат дека најважна политичка тема е вработеноста, а на трето место социјалната заштита.

Анкетирани се над 12 илјади граѓани во сите 27 земји членки на ЕУ, без Обединетото Кралство.

Резултатите се слични кога се анализираат по земји членки поединечно.

Германците, со 49 отсто, се најзагрижени за животната средина, следуваат Французите со 39 отсто, додека 36 отсто од Италијанците се загрижени за климата, но дури 60 отсто од нив изјавиле дека вработеноста е поголем приоритет од животната средина.

Полјаците се изјасниле со 36 отсто за работните места, а со 35 отсто за животната околина.

Конзистентно ширум ЕУ најниска стапка добиваат правата на малцинствата и еднаквите можности.

Климатските прашања се најголема преокупација кај младите Европејци помеѓу 16 и 25 годишна возраст. Друга голема преокупација за младата генерација е осаменоста, покажува анкетата на фондацијата Бертелсман. Младите се дупло повеќе загрижени за осаменоста отколку Европејците помеѓу 46 и 65 годишна возраст. За постарите генерации поважно е прашањето за социјалната заштита.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.