Published: Wednesday, November 27, 2019 12:41
Европскиот парламент со 461 гласови „за“, 157 „против“ и 89 воздржани, од вкупно 707 европратеници кои учествуваа во гласањето, го одобри новиот состав на Европската Комисија, јави МИА од Стразбур.
Со просто мнозинство европратениците и го доверија мандатот на комисијата предводена од Германката Урсула фон дер Лајен, со што таа е првата жена која ќе ја предводи европската извршна власт.
Со гласањето се одобрени мандатите на сите европски комесари.




