НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „Рекет“: Јовановски и Јанева се изјаснија невини, Милески призна вина

0
By Нова ТВ on December 3, 2019 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: frontline.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По изнесување на обвинителниот акт од обвинителката Вилма Русковска, Јовановски и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева се изјаснија како невини и ги отфрлија сите наводи. Зоран Милески, пак, ја призна вина и рече дека е свесен за последиците. Тоа беше причина за издвојување на постапките за нив двајца и за него.

Докторот Михаел Донев, кој изврши преглед врз првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски по неговите тврдења дека не е во свесна и рационална состојба да го следи судењето против него, изјави дека тој може да учествува на процесот.

„Притисокот му е 140 со 100, се жали на болки, му дадовме дијазепам. Сметам дека може да присуствува на судењето“, посочи Донев, по што судијката донесе одлука да се продолжи рочиштето.

Лекарите ќе останат во судот за евентуална интервенција ако му се слоши на Бојан Јовановски.

Бојан Јовановски се жали на здравјето, Русковска му вели „добар си“

Со задоцнување од 45 минути, првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски се појави во судницата на Кривичниот суд каде за денеска беше закажано првото рочиште за аферата што ја потресе македонската јавност. Второобвинетиот Зоран Милески-Кичеец и поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, беа спроведени навреме од домашен притвор. Банален технички проблем беше причина за уште 15 минутно одолговлекување на почетокот на судскиот процес. Еден од снимателите при снимање инсерти, нагази на тонски кабел во просторијата, па мораа да интервенираат службите за поправка на дефектот за распитот, конечно, да започне во 11 часот.

На почеток, судијката Николовска-Масевска побара конструктивност од обвинителката Вилма Русковска и одбраната да не го одолговлекуваат процесот, a на бројните новинарски екипи се заблагодари за присуството за јавноста да биде навремено и точно информирна за случувањата во судница. Потоа ја читаше лекарската документација според која Бојан Јовановски не е способен да го следи судењето. Двапати му бил животот загрозен оти бил во критична состојба, па лично го праша како се чувствува.

Фото: 24.mk

Јовановски на тоа одговори дека не е добар, но сака активно да учествува во процесот. Само утринава повраќал десетина пати во притворот што била и причина за доцнењето. Затворскиот лекар му рекол да не оди во суд, но тој инсистирал да се појави. По него за збор се јави адвокатот Сашо Дуковски.

„Јас сум подготвен да почнеме од денеска. Но, ние постојано апелираме за здравјето на Бојан. И мене ми се јавија од затворот за да ми кажат дека не е во состојба да дојде, но јас инсистирав да се донесе. Тврдам, под кривична одговорност, дека на Бојан не му се дава соодветна терапија. Еве видете го сами како изгледа“, рече адвокатот Дуковски.

Јовановски побара збор за да потврди дека навистина не ја прима терапијата. Рече дека не ја поседува целата лекарска документација.

Потоа збор доби обвинителката Вилма Русковска.

„Ви тврдиме дека е во добро здравје. Така викаат лекарите од болницата „8ми септември“ кои сигурно нема да ризикуваат лиценца и да лажат со дијагнозите“, рече Русковска.

Бојан Јовановски Вилма Русковска Зоран Милески Рекет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.