Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Битката за средната класа е битка за нашите деца

0
By Нова ТВ on December 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 21, 2013 09:30

Битката во Македонија стана битка за првото дете. Тешко е да ги израснеме а откако ќе пораснат бараат начин да ја напуштат Македонија. Затоа битката за враќањето на средната класа е битка за нашите деца. Да им ја обезбедиме иднината за да останат дома. Со овие зборови Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска се обрати во преполната сала на Домот на културата во Ѓорче Петров, каде што се одржа трибина за промоција на предлог мерките од новата Програма на партијата.

“Во Скопје одамна нема чист воздух исто како што Македонија одамна нема добар резултат. Потрошија многу пари ама нема резултат. Нема заштитни маски за воздухот ниту за одземената слобода. Нема заштитни маски кои ќе не спасат од чувството дека пропаѓаме како држава. Лото политиките на власта не ги решаваат проблемите на граѓаните” рече Шекеринска.

Но, граѓаните тоа го знаат. Тие бараат решенија за нивните проблеми. Вечерва сме пред вас за да ви покажеме дека има политика која полека но сигурно може да ги менува работите, да ги решава проблемите, додаде таа.

Клучната разлика во однос на власта ќе биде  во спроведувањето на политиките за враќањето на средната класа. И во начинот на собирање на парите и во начинот на трошење, истакна Шекеринска.

 “Не само што ќе ги намалиме казните за 50%, не само што ќе го воведеме праведниот данок туку значителна сума на средства ќе ги вратиме назад кон граѓаните” рече Шекеринска.

Македонија е единствената држава во светот во која и најсиромашниот и најбогатиот плаќаат исто. Затоа, СДСМ во делот на даночната политика ќе го воведе праведниот данок. Тој што има повеќе ќе плати повеќе, тој што има помалку, ќе плати помалку.

Наместо 500 милиони евра да се трошат на камен и бронза, во еден град, на еден проект, ќе спроведеме низа на мерки за олеснување и подобрување на животот на граѓаните.  Ќе го решиме проблемот на стечајците  во првите 100 дена, ќе воведеме државна социјална пензија во висина од  40% од просечната, пензиитеќе ги усогласиме со трошоците за живот, ќе ја зголемиме минималната плата и ќевоведеме можност за докупување на стаж и заминување во пензија со 35 односно 40 години стаж, истакна Шекеринска пред ѓорчепетровци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.