Битката во Македонија стана битка за првото дете. Тешко е да ги израснеме а откако ќе пораснат бараат начин да ја напуштат Македонија. Затоа битката за враќањето на средната класа е битка за нашите деца. Да им ја обезбедиме иднината за да останат дома. Со овие зборови Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска се обрати во преполната сала на Домот на културата во Ѓорче Петров, каде што се одржа трибина за промоција на предлог мерките од новата Програма на партијата.
“Во Скопје одамна нема чист воздух исто како што Македонија одамна нема добар резултат. Потрошија многу пари ама нема резултат. Нема заштитни маски за воздухот ниту за одземената слобода. Нема заштитни маски кои ќе не спасат од чувството дека пропаѓаме како држава. Лото политиките на власта не ги решаваат проблемите на граѓаните” рече Шекеринска.
Но, граѓаните тоа го знаат. Тие бараат решенија за нивните проблеми. Вечерва сме пред вас за да ви покажеме дека има политика која полека но сигурно може да ги менува работите, да ги решава проблемите, додаде таа.
Клучната разлика во однос на власта ќе биде во спроведувањето на политиките за враќањето на средната класа. И во начинот на собирање на парите и во начинот на трошење, истакна Шекеринска.
“Не само што ќе ги намалиме казните за 50%, не само што ќе го воведеме праведниот данок туку значителна сума на средства ќе ги вратиме назад кон граѓаните” рече Шекеринска.
Македонија е единствената држава во светот во која и најсиромашниот и најбогатиот плаќаат исто. Затоа, СДСМ во делот на даночната политика ќе го воведе праведниот данок. Тој што има повеќе ќе плати повеќе, тој што има помалку, ќе плати помалку.
Наместо 500 милиони евра да се трошат на камен и бронза, во еден град, на еден проект, ќе спроведеме низа на мерки за олеснување и подобрување на животот на граѓаните. Ќе го решиме проблемот на стечајците во првите 100 дена, ќе воведеме државна социјална пензија во висина од 40% од просечната, пензиитеќе ги усогласиме со трошоците за живот, ќе ја зголемиме минималната плата и ќевоведеме можност за докупување на стаж и заминување во пензија со 35 односно 40 години стаж, истакна Шекеринска пред ѓорчепетровци.




