Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отвора ли ЗНМ пат за преговори со владата зад грбот на членството

0
By Сашка Цветковска on December 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 21, 2013 14:31

Здружението на новинари на Македонија вчера свикало седница на управниот одбор на која се разговарало за предлозите за измените во нацрт законот за медиуми, што веднаш денеска следеше заедничка конференција на Министерот за информатичко општество Иво Ивановски и претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани.

Од министерството оваа конференција ја најавија како „заедничка прес-конференција за текот на преговорите околу нацрт-законите за медиуми“ што го отвори прашањето дали Здружението е или не е во преговори со владата зад грбот на членството. Претседателот Селмани во разговор со НОВА тврди дека преговори нема и нема да има, како и тоа дека не знае зошто министерството во најавата за конференцијата се послужило со зборовите „тековни преговори“.

-Побараа од нас да ги доставиме нашите забелешки. Добивме одговор дека тие од тоа прифаќаат дел од нашите барања. Печатените медиуми се изземени и ќе имаат само три обврски да објават импресум и сопственичка струкгура, интернетот е надвор од регулација, во агенцијата ќе има и кандидат на ЗНМ, а секое ограничување на содржината во медиумите да биде во согласност со судската пракса на европскиот суд. Тоа го прифатија, но голем дел од нашите забелешки не се прифатени, така што што и да речам преговори нема, вели Селмани.

На прашањето дали ова значи дека закон за медиуми ќе има, Селмани не можеше да одговори, тврдејќи дека и покрај чинот на заедничка конференција, ЗНМ се уште е против постоењето на законот.

Сепак, најавата на министерството и самиот чин на заедничка конференција организирана набрзина и проследена со состаноци на управниот одбор во приквечерини ден пред истата, отвори сомнежи кај членовите на медиумската заедница дека зад грбот на новинарите се усогласува нов закон за медиуми. Од Македонскиот институт за медиуми велат дека денеска доживеале шок кога ја виделе најавата за конференцијата. Претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници Тамара Чаусидис вели дека не знаела дека ЗНМ подготвува средби од ваков тип.

-Не, никој не знаеше, јас сум комплетно шокирана. Ниту дека постоеле такви преговори како што тврди министерство, ниту дека ќе има заедничка прес конференција. Последните средби кои ги имавме заедно со ЗНМ беа со министерот Бесими и никој не спомена ваква можност. Не знам дали нешто се усогласувало или се усогласува, но ако тоа се прави, се прави зад грбот на членството, вели Чаусидис.

На вчерашниот управен одбор одржан во приквечерието членовите морале итно да се усогласат за денешната прес конференција и прифаќањето на дел од забелешките од страна на министерството, велат извори во Управниот одбор на ЗНМ за НОВА.

-Имаше притисоци од странците, на телефон се јави дури и амбасадор од една моќна држава и така некако дојде до оваа конференција. И ние сме исплашени дека сето ова може да е вовед во уште една игранка и седнување на маса со владата после се што се случи, вели членот на УО на ЗНМ кој бараше да остане анонимен.

Здружението на новинари на Македонија еднаш седна на преговарачка маса со владата. Резултат на тие преговори беше декриминализацијата на клеветата. ЗНМ ги напушти преговорите по настаните од 24 Декември кога новинарите беа исфрлени од Собранието и остро протестираше против идејата за нов закон за медиуми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.