Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Клиниката за онкологија набавени се 30 нови современи лекови

0
By Менче Атанасова Точи on December 6, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 6, 2019 17:36

На Клиниката за онкологија веќе нема листи за чекање за лекови, ниту за зрачна терапија, а бројот на заболени постојано се зголемува. За нив, од јуни годинава за првпат се обезбедени 30 нови иновативни биолошки лекови кои овозможуваат излекување или продолжување на животот. Оваа набавка ќе овозможи пациентите со прогресивни форми на рак да бидат обезбедени со современа биолошка, таргетирана и имунолошка терапија за наредните две години, вели директорот, спец. др. Нино Васев.

„Седум пациентки кои што требаше да се лекуваат во Виена, се вратија и тука ја примаат терапијата. Имаме нови лекови кои порано не сме можеле да замислиме да ги имаме. Со оваа терапија имаме случаи на потполно исчезнување на рак на бели дробови, голем успех кај меланомот каде што просекот на живот е зголемен, обезбедени се 7 нови лекови за рак на дојка, лекови за карцином на црн дроб и слично.Благодарни сме на Министерството и на Фондот за здравство кои овозможија биолошките лекови да се набават бидејќи не се на позитивната листа на лекови “, изјави др. Васев на денешниот брифинг со новинарите.

Тој вели дека овие современи инвативни лекови кои не се на позитивната листа, Клиниката ги обезбедила со сопствени средства, дел од приватните пациенти и дел од донации.

Вкупниот трошок за овие лекови изнесува 5 милини евра. За наредната година помош очекуваат и од ФЗОМ.

“Онкологијата драстично се измени последните години, и оваа терапија е одговор на тие промени. Иновативната биолошка, моноклонална и таргет терапија е наменете за сите пациенти кои имаат потреба од лекување со ваков тип терапија. Станува збор за 30 нови биолошки лекови кои се исклучително скапи, а успеавме да ги обезбедиме за најголемиот број пациенти кои се со хемато-онколошки малигнитети. Досега оваа терапија беше достапна само за органичен број пациенти или пак набавувана со прекини, сега е веќе достапна за сите пациенти на кои им е неопходна. Овие лекови делуваат така што поттикнуваат малигното заболување да се трансформира во хронично со кое пациентите ќе може да живеат како со секое друго хронично заболување. На тој начин терапијата го продолжува, но уште и го подобрува и квалитетот на животот”, рече директорот Васев.

Тој нагласи дека сега постојат многу прецизни дијагностички анализи како геномското профилирање на туморите, со кои прецизно се одредува дали одреден пациентот ќе има полза од одредена таргетирана и биолошка терапија, за да може полесно да се насочи и модифицира третманот. Терапијата може да ја примаат само оние болни од рак кај кои болеста напреднала, а рецепторите се позитивни. Кај оние што се негативни нема никаков ефект.

Воведувањето на биолошката терапија значи и заштеда на средствата од лекувањето на пациентите во странство. Во 2018 година, кога се уште не беше воведена оваа терапија, само 1,45% од заболените започнале третман со биолошки лекови.

На Клиниката за онкологија и радиотерапија изминатава година се регистрирани 5400 новозаболени. Кај најголем број од ново-дијагностицираните бил откриен рак на дојка, хематолошки и рак на бели дробови. Заболувањето најчесто е откриено во 2 фаза.

Минатата година во Македонија се регистрирани 9.642 новозаболени лица со малигна неоплазма, од кои 72 се деца.

Терапијата е потполно бесплатна за сите пациенти. Според, Васев олеснета е и процедурата за добивање на лековите од што корист најмногу имаат пациентите.

„Кога има лек пациентот е среќен, кога нема си дома разочаран“, вели др. Васев.

Оваа, биолошка или иновативна терапија ја користат од 250 до 350 во зависност од потребите, но проширувањето не е ограничено, а лекови има колку што е потребно.

Тој нагласи дека веќе 2, 5 години лековите доѓаат директно од производителите, а паралелениот увоз е регулиран со задолжителен сертификат од производителот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.