Со марш од плоштадот Македонија до Владата група млади од неколку организации за заштита на животната средина се обидоа да го вклучат аларморт кај надлежните за загрижувачки високото загадување на воздухот.
Пред владата каде ги дочека бројно полициско обезбедување, тие со гас маски на лицата симулираа губење свест за да го привлечат вниманието на властите и да им порачаат дека е време за итни и конкретни мерки. Ги посоветуваа да овозможат беплатен јавен превоз за граѓаните, но најпрво да забранат понатамошен увоз на возила со еуростандард 2.
„Сега е дозволен еуро 2 стандардот, тоа треба да се промени и тој да стане еуро 4, односно да се увезуваат автомобили кои не загадуваат толку многу. Интересна е информацијата што последните 2-3 години со олеснувањето на увозот на стари половни автомобили, увезени се 150 стари возила, колку што се увезени од 93-тата кога почнал бизнисот со нови автомобили па се` до ден-денеска. Како да имаме една нова фабрика што се движи по скопските улици“, изјави Марко Соколовски, претседател на Гоу Грин, Скопје.
„За жал заради финасиската состоба во која се наоѓаат тие мораат да согоруваат материи кои многу го загадуваат воздухот, како пет амбалажите, лакиран мебел, гуми. Сметаме дека треба да се обезбеди финасиска помош за ваквите семејства. Оние кои и покрај финасиската помош ќе продолжат да го прават тоа, за нив да има казни“, рече Блаже Јосифовски, потпретседател Младинска организација на ДОМ.
Скопје мора да развие стратегија на пешачење, бидејќи во моментот градот не е примамлив за прошетки и нема соодветна инфраструктура, порачаа младите и по кој знае кој пат повикаа да сопрат градежните активности во најкритичниот период на загадување, а големите загадувачи да го намалат прозиводството.