Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

0
By Zoran Ivanov on July 23, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 23, 2026 15:45

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес – конференција предупреди дека случајот со труењето во Гостивар не е изолиран инцидент, туку доказ за целосен системски распад на здравствениот систем и институциите под власт на ВМРО.

По Гостивар, небезбедна за пиење е и водата во Валандово, а на виделина излезе уште еден скандал со квалитет на вода за пиење и тоа во Болницата за белодробни заболувања во Лешок, за кој Филипче денеска ги обелодени документи од Институтот за јавно здравје за направени анализи, а кои до СДСМ ги доставија укажувачи.

Ова што се случи во Гостивар не е само еден изолиран случај. Станува збор за системски знаци на неефикасност и нефункционирање. Здравствениот систем се распаѓа во државата под водство на Христијан Мицкоски и неговата екипа.Ова што се случи во Гостивар, е само еден од показателите и најдраматичниот доказ за тоа колку системот е оштетен и лошо се менаџира од страна на оваа власт. Основната функција на здравствениот систем, а тоа е да го штити здравјето на граѓаните, очигледно дека како функција е нарушена, рече Филипче.

Состојбата со квалитетот на водата е загрижувачка, особено што по случајот во Гостивар, проблем е регистриран и во Валандово, а до СДСМ беа доставени и документи од укажувачи кои укажуваат на опасно загадена вода со колиформни бактерии во Болницата за белодробни заболувања во Лешок, за што никој од надлежните институции не реагирале.

Во Валандово, и таму водата во градскиот водовод не е соодветна за пиење. Меѓутоа, еден скандал, и многу загрижувачки податок се документите кои до нас ги доставија укажувачи. Станува збор за извештај за тестирање на безбедноста на водата од примерок земен од Болницата за белодробни заболувања во Лешок. Датумот на завршување на испитувањето е 13 мај. Во примерокот од водата се утврдени 51 колиформна бактерија на 100 милилитри вода. Никој не реагирал. Ова се официјални документи од Центарот за јавно здравје. Станува збор за примерок од чешма во болница каде што се лекуваат луѓе. Во извештајот пишува дека водата не одговара на квалитетот потребен за пиење. Знаат ли овие луѓе што прават? Какво е ова менаџирање на институција? Што е целта? Да се загрози здравјето на сите луѓе во државата, рече Филипче.

Поради сериозноста на овие информации и ризикот по здравјето на граѓаните, Филипче побара итен вонреден надзор на сите водоснабдителни системи во државата и целосна транспарентност на резултатите.

Бараме итно вонреден надзор и анализи на сите водоснабдителни станици во државата. Јавно да се објават резултатите од физичките анализи – матност, мирис и останатите параметри, од хемиските анализи – нитрати, нитрити и амонијак, како и микробиолошки анализи и податоците за хлорирањето, рече Филипче.

На прес – конференцијата, Филипче нагласи дека Владата не покажува капацитет да управува со државата, а за ваквите пропусти со кои се загрочува човековото право на чиста вода за пиење, мора да има одговорност.

Ако овие луѓе не можат или не сакаат да ја менаџираат државата, ако дозволија вакво загадување на водата и не реагираат ниту кога загадувањето е детектирано, тогаш не заслужуваат да ја водат оваа држава , рече Филипче.

 

афера бактерии вода Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.