НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тетово небезбедно во случај на земјотреси затоа што врие од дивоградби

0
By Нова ТВ on December 10, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Над 50 жртви, уништени 6000 домови, отселување, вознемиреност, страв, се последиците од силниот земјотрес кој го погоди дел од Балканскиот полуостров на 26 ноември годинава со епицентар во близина на Драч Албанија.

 Нашиот западен сосед претрпе огромни штети,изгуби човечки животи. Но силината на земјотресот од 6, 4 степени според Рихтер, или околу 9 степени според МКЗ салата или познатата Меркелиева скала, го отвори прашањето во Албанија, дали земјотресот ги зеде жртвите, или пак лошите градби градени надвор од одобрените проекти.

За Македонија и Албанија сеизмолозите предвидуваат најсилниот земјотрес да биде околу 9 степени според Меркелиева скала, или 6,6 според Рихтер. Тоа го покажале историските податоци, но и испитувањата на земјата. Затоа и проектите за градбите се изработуваат да издржат до 9 степени според МКЗ скалата.

Земјотресот во Албанија беше со јачина од 9 степени според Меркелиевата скала, но многу објекти не го издржаа овој земјотрес, иако проектите се изработени да го издржат ваквото поместување на земјата.

Тамошните експерти и анализи покажаа дека градбите не биле изградени според проектите. Некои биле дивоизградени, одредени објекти имале доградби и надградби надвор од прописите, затоа и земјотресот предизвика толку голема штета. Дополнителен проблем е што во овој регион спротивно на законот имало градби без гредни системи, имало високите градби со масивен систем на градба односно со ѕидови кои немаат хоризонтални и вертикални појачувања.

Урбанистите и архитектите велат дека катастрофата во Албанија може да се случи и во Македонија, ако ја погоди земјотрес од 9 степени според МКЗ скалата, јачина кој се очекува да се случи земајќи ги предвид историските податоци но и структурата на земјата.

Универзитетскиот професор по урбанизам Енис Јакупи во полошко испитал 50 проекти на објекти, кои како што вели ги исполнуваат стандардите за издржливост, но колку тие се реализираат во праска при градежните активносте е под знак прашалник.

-Нашите објекти треба да издржат земјотрес до 9 степени според МКЗ скалата, но тоа е според проектот. Прашањето е дали се гради објектот според проектот и затоа инспекторите треба да одат повеќе на терен. Проектот најчесто се носи во општина и таму нема кој да го контролира. Нема градежен инжинер во општина што знае да го прочита проектот. Дури имаме општини кои немаат градежни инжинери. Тука треба силна контрола ,а инспекторите треба да бидат на терен. Да не гледаат дали мајсторот е облечен како што треба, туку тој треба да го следи градењето на објектот, односно дали се гради  според проектот. Јас не сум гледал во ниту една градежна книга некој инспектор да даде забелешка. Значи ние имаме нормативи, но во пракса тоа не се случува, вели Универзитетскиот професор Енис Јакупи.  

Според архитектите голем проблем кај нас се и доградбите ,надградбите, но и дивоградбите, кои се озаконуваат само со една обична дозвола за површина на градбата, без да се земе во предвид статичната и динамичната издржливост на објектот.

-Имаме проблем кај градбите кои имаат надградба и доградба. Дека тие објекти кога имаат земено дозвола за вакви доградби тие можеби имаат добиено мислење и дозвола за надргадба или доградба, но за лесни материјали, не за тврди како што е сега во пракса. И друг проблем е што кај нас е што се градат многу големи тераси. Потоа како најголем проблем се дивоградбите. Самото име кажува тие се градат на диво. Значи не се почитуваат никакви нормативи за издржливост, а потоа кога се легализираат се легализираат со еден обичен документ за површина на објектот, и тие објекти можат најлесно да се урнат во случај на земјотрес. Сега повторно сакаат да го продолжат законот за легализација, тоа значи поголем ризик за објектите во случај на земјотрес, вели архитектот Хамди Сулејмани.

Тетово небезбедно во случај на земјотреси затоа што врие од дивоградби

Законот за легализација на дивоградби за да заштедаат ги охрабри инвеститорите да градат небезбедни објекти претежно долж подножјето на Шар Планина, но и на целиот планински масив. Пред неколку години тие градби кои не се легализираа требаше да се урнат според најавите на градските власти откако беше избрана фирма за оваа намена. На фирмата и дадоа рок од една година да ги урне градбите. Но годината помина, а градбите останаа. Од фирмата која го доби тендерот, образложија дека чекале план програма за уривање, па пота ќе започнеле со акција. Локалните власти не ја изработија таа план програма. Сето ова уште повеќе ги мотивираше инвеститори да градат на диво, на нерамен терен, на ерозивни места претежно државни, кои се едни од најризичните места во случај на земјотрес.  

-Сакам да потенцирам дека земјотресите помалку ги имаме кај постарите почви и планини. Во Србија на пример не се очекува толку силен земјотрес како кај нас на некои места. Еве и во Македонија на пример нема да биде ист земјотресот ако се случи на подрачјето на Шар Планина и на подрачјето на планината Сува Гора. Таму на Сува Гора помали се шансите за земјотрес отколку на Шара, затоа што Сува Гора е стара планина. На пример и во Скопје не е ризикот голем на Водно во споредба со реонот од Скопска Црна Гора, затоа треба да се внимава каде се гради и како се гради.           

Дали може да се предвидат земјотресите ?

Асеизмичкото проектирање или инжинерството на земјотреси е нова технологија или нова наука, бидејќи порано требаше да се случат земјотреси, за да знаеме во која категорија на трусно подрачје припаѓа некоја земја или град. Нашиот регион односно нашата земја има подрачје каде може да се случи земјотрес и по 9 степени според МКЗ односно Меркелиева скала, тоа се Пехчево, Валандово, Скопје Охрид, Дебар и дел од Полог. Во другите места во Македонија може да има и 8 и 7 степени според оваа скала и 6 во еден мал дел кај Скопска Црна Гора.

Податоците според професорот Јакупи говорат дека поранешно Скупи во 518 година во голем земјотрес било целосно разурнато, друг голем земјотрес во Скопје имало во 1055 година и третиот голем земјотрес во 1963 година. Значи гледано историски во одреден период каде имаме активни земјотреси, се знае дека тоа е веќе трусно подрачје.

-Сега живеем во некој помодорен свет и пософистицирани апаратури, но и покрај тоа не можеме да го предвидиме земјотресот, затоа што имаме на секоја секунда земјотреси При градење треба да знаеме каква земја имаме, за да знаеме каква градба таму ќе изградиме. И за овие градби имаме кодови. Можеме да кажеме дека сме меѓу најподготвените земји во Европа. Во 1963 година имавме кодови за проектирање, тие кодови беа обновени подоцна и во 1981 година имаме донесено закон за Асеизмичко проектирање, но пак ќе повторам колку тие кодови се почитуваат.

Што е земјотрес и какви земјотреси имаме  

Земјотресот е поврзан со раскинувањето на набивањето на земјината почва во длабочината на земјата. Земјотресите кои ние ги слушеме се и до длабочина од 17 километри. Имаме и земјотреси кои се случуваат и до 300 километри во длабочината на земјата, но ние тие земјотреси не ги чуствуваме, Во земјата има земјотреси што се случуваат во длабочина и над 300 километри во секоја секунда. Ова се случува поради тоа што уште центарот на земјата на тлото е во гасовите состојба. Земјотресите имаат ИПО и ЕПИ центар. ИПО центарот е местото каде се случува земјотресот тоа е жариште, е ЕПИ центарот е центарот каде го гледаме односно го чуствуваме земјотресот и тоа не е точка тука подрачје и затоа таму каде што народски кажано ќе удри земјотресот е епицентрално подрачје.

Во светот постојат четири активни подрачја за појава на земјотреси, а ние спаѓаме во втора катерија. Тоа е Албанија, дел од Македонија, цела Грција, дел од Бугарија, Турција и дел од Италија. 90 % од земјотресите кои се случуваат се класични со движењето на земјата, имаме една мала друга категорија на земјотреси тие се 7 %, од вкупниот број на земјотреси, а тоа се вулканските земјотреси и имаме земјотреси кои се случуваат кога вадиме руда од самата земја, па така и тогаш имаме потреси.  

Најсилен земјотрес во Чиле, најдолг во Аласка

 Во Чиле 1960 година имало земјотрес од 9,5 според Рихтер, во Аласка во 1964 година од 9,2 според Рихтер, во оваа иста област во 1957 имало земјотрес од 9,1 според Рихтер, а во Русија во 1952 имаме земјотрес од 9 степени според Рихтер Кинезите ги мерат земјотресите од 132 година и најдолгиот земјотрес е земјотресот на 23 април 1964 година во Аласка кој траел  4 минути.

дивоградби земјотреси Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.