Published: Sunday, December 15, 2019 11:16
Француската актерка со данско потекло, Ана Карина, најпозната по своите улоги во филмовите на легендарниот режисер Жан-Лук Годар, почина на 79-годишна возраст, пренесоа француските медиуми.
Во текот на 60-те години на минатиот век актерката со бледо лице и големи сино-сиви очи сними седум филма на Годар, во тоа време и нејзин животен партнер. Ќе остане запаметена по улогите филмовите „Жената си е жена“, „Клео од 5 до 7“, „Да го живееш својот живот”, „Алфавил”, „Кинески рулет”.
Освен како актерка, Ана Карина се појавуваше и како пејачка, и тоа во заеднички настапи со Серж Гинсбург.




