НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ прави политички притисок да застари „ТНТ“

0
By Нова ТВ on December 20, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дали за случајот „ТНТ“ за рушењето на „Космос“ на Фиат Цаноски во кој меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, следната недела ќе има пресуда или судскиот процес ќе почне од почеток? Оваа дилема доби уште повеќе на сила по драмата која се случи утрово пред Кривичниот суд, каде членови на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, партиски поддржувачи како и пратеничките Невенка Стаменковски и Жаклина Пешевска се обидоа да извршат политички притисок врз судството, наводно давајќи им поддршка на обвинетите за одмаздничкото уривање на комплексот „Космос“ Цаноски, затоа што овој ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.

„Дојдени сме да им дадеме поддршка на обвинетите во „ТНТ’, но судот не нè пушти внатре од безбедносни причини. Судењето е јавно, не знаме зошто не нè пуштаат внатре“, рече Александар Трајковски, советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба, обвинет во „Насилства и шамари во Центар“, кое судење, исто како „ТНТ“, е на самиот крај.

Низата обиди за блокирање на распитот на обвинетите Миле Јанакиески, Тони Трајковски, ексградоначалник на Гази Баба и четворица вработени во Општината кулминираа вчера со бојкот на адвокатите на судењето поради што добија парични казни од по 2.000 евра.

Четворица од вкупно седум обвинетите во судскиот процес ТНТ за уривањето на комплексот „Космос“ вчера во судница се појавија без адвокати. Судијата Огнен Ставрев, кој е на чело на судечкиот совет, им изрече три казни од по 2.000 евра на тројцата адвокати бидејќи советот смета дека тоа е непочитување на судот и сакаат само да го одолговлекуваат процесот.

Адвокатите Мерџан Даути и Донче Наков, кои вчера беа казнети, не дојдоа ни денеска, иако уредно повикани, како и еден од бранителите поставени по службена должност, адвокат Дејан Славковски. Останатите адвокати по службена должност се појавија во судотко. Бранителите по службена должност вчера до крајот на работниот ден правеле увид во списите на предметот, а судот им дозволи и денеска два часа да прават увид по што во 12 часот треба да продолжи рочиштето. За денеска е предвиден распит на обвинетите.

Тактиката за одложување, одолговлекување а можно и враќање на самиот предмет од почеток е веќе позната работа. Претходно адвокатот Даути бараше превод на целиот предмет на албански јазик, откако на крајот на овој судски процес обвинетата Елисавета Најдовски реши да му го откаже полномошното на адвокатот Димитар Дангов и да најми адвокат Албанец. На завчерашното рочиште пак тој кажа дека според Законот за судови двете поротнички не треба да бидат дел од судечкиот совет поради истек на мандатот, а за тоа рече дека го известил и претседателот на судот, Иван Џолев, како и Судскиот совет.

Соочен со опасноста уште еден процес покренат од СЈО да застари, самиот судија во процесот наречен ТНТ, Огмнен Ставрев, одамна предупреди дека адвокатите на одбраната ја злоупотребуваат процесната постапка со цел одолговлекување на предметот. Тој обвини за злоупотреба од страна на адвокатите за одолговлекување на постапката, бидејќи се изведени голем број докази и таа е во фаза на окончување.

Коалицијата за правично судење направи краток рекапитулар за тоа како течела главната расправа во случајот „ТНТ“

24.01.2018

    На рочиштето се дадоа воведни говори од страна на СЈО, а одбраната даде воведни говори, но побара од судот да им биде дозволено на следното рочиште да можат да ги дополнат овие воведни говори.
    09.02.2018
    Одбраната побара одлагање на ова рочиште за главна расправа поради тоа што на истиот ден го доби записникот од претходното рочиште и и беше потребно време за подготување на воведните говори.
    15.02.2018
    Рочиште се одложи на барање на одбраната. Имено, бранителите бараа увид во доказите (преслушување на аудио снимките и СМС пораките) во судот.
    16.03.2018
    На рочиштето одбраната даде дополнување на воведниот говор иако законот не познава ваква можност, судот констатирајќи го истото сепак им дозволи на бранителите повторно да дадат воведен говор.
    05.04.2018
    Рочиштето се одложи затоа што пред почнување на расправата одбраната на обвинетите достави до судот предлог за изземање на судечкиот совет, на судиите Иван Џолев, Пајазит Пајазити од Основен суд Скопје 1, како и на судиите Лидија Димчевска и Сафет Кадриу од Апелациониот Суд во Скопје. Судот предлогот го достави до Врховниот Суд.
    13.04.2018
    Рочиштето се одложи поради тоа што Врховниот суд сè уште се немаше произнесено по предлогот од претходното рочиште за изземање на судечкиот совет.
    11.06.2018
    На ова рочиште се изведуваа аудио снимките и СМС пораките како докази на СЈО. Беа изведени 26 аудио снимки, додека пак во однос на СМС пораките, подготвено е вештачење. Откако беше продолжено со читање на СМС пораките од страна на обвинителот, а беа презентирани вкупно 64 СМС пораки, одбраната приговараше на автентичноста на изведените докази.
    03.07.208
    На ова рочиште постапката продолжи во фаза на доказна постапка. Се изведуваа писмените докази предложени од страна на СЈО.
    29.08.2018
    Рочиштето се одложи поради тоа што еден од обвинетите не ја усогласил својата одбрана пред судот со својот бранител.
    10.09.2018
    На ова рочиште продолжи доказна постапка, а на истото Специјалното јавното обвинителство ги презентираше своите материјални докази во форма на две видео-снимки.
    15.10.2018
    Рочиште се одложи по барање на обвинет, а поради присуство на седница во Собрание на РСМ за гласање на уставните измени.
    25.10.2018
    На рочиштето СЈО презентираше дел од своите материјални докази. На почетокот на рочиштето, одбраната побара 129 од вкупно 668 докази да бидат презентирани подетално, бидејќи тие биле важни за нивниот случај. Рочиштето беше одложено поради работни обврски на судијата Осман Шабани.
    30.10.2018
    На рочиштето се изведоа материјални докази од страна на јавниот обвинител.
    15.11.2018
    На рочиштето, по барање на специјалното јавно обвинителство судот донесе решение за судење во отсуство на обвинетиот Н.Г, а воедно беше и определена мерка притвор. Рочиштето за главна расправа продолжи во фаза на доказна постапка и при тоа беше испитан еден сведок.
    27.11.2018
    На рочиштето се сослушаа пет сведоци предложени од страна на јавниот обвинител.
    29.11.2018
    На ова рочиште се испитаа тројца сведоци предложени со обвинението
    11.12.2018
    На рочиштето се испитаа 4 сведоци предложени од страна на СЈО.
    25.12.2018
    На рочиштето се испитаа 4 сведоци предложени од страна на СЈО.
    16.01.2019
    Продолжи постапката со изведување на докази на специјалното јавно обвинителство. Беа прочитани исказите на 2 сведоци дадени во истражна постапка поради тоа што едниот сведок е починат, а другиот е надвор од државата и не е достапен. На рочиштето исказ даде и оштетениот.
    24.01.2019
    Денешното рочиште продолжи со доказна постапка така што јавниот обвинител ги презентираше материјалните докази предложени од страна на обвинителството, но во присуство на технички советник чие што присуство беше побарано од страна на одбраната
    07.02.2019
    На рочиштето се изведоа 40 материјални докази на одбраната.
    26.02.2019
    На рочиштето се презентираа материјалните докази на одбраната, во форма на документи од вештачења, пресуди.
    12.03.2019
    Главната расправа продолжи во фаза на доказна постапка и притоа беше испитан технички советник, повикан од страна на одбраната.
    18.03.2019
    На ова рочиште се испита технички советник од областа на геодезија и вештак – професор на Архитектонски факултет
    21.03.2019
    На рочиштето се испитуваше сведок предложен од СЈО.
    03.04.2019
    На ова рочиште се испитаа 5 сведоци повикани од страна на одбраната
    19.04.2019
    Рочиштето за главна расправа се одложи поради отсуство на претседателот на судечкиот совет.
    22.04.2019
    Судењето започна 1 час подоцна бидејќи обвинетиот М.Ј не беше спроведен од куќен притвор. На рочиштето се испитуваше еден сведок повикан од одбранта.
    15.05.2019
    На рочиштето се испитаа 4 сведоци на одбраната.
    22.05.2019
    Рочиштето се одложи поради отсуство на обвинет.
    30.05.2019
    На рочиштето се испитаа 2 сведоци на одбраната.
    07.06.2019
    На рочиштето се испитаа 2 сведоци на одбраната
    27.06.2019
    Рочиштето се одложи поради непотполн судечки совет.
    04.07.2019
    Рочиштето се одложи поради непотполн судечки совет.
    15.08.2019
    На рочиштето беа присутни 3 од повиканите 7 сведоци за испитување. Беше испитан само 1 сведок директно од страна на одбраната.
    20.08.2019
    Рочиштето беше одложено поради отсуство на претседателот на судечкиот совет.
    30.08.2019
    На рочиштето главната расправа продолжи во фаза на доказна постапка, беше испитан 1 сведок предложен од одбраната.
    11.09.2019
    Рочиштето беше одложено по барање на јавниот обвинител бидејќи предметите што се водеа од страна на Специјалното јавно обвинителство се превземаат во надлежност на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
    23.09.2019
    На рочиштето главната расправа продолжи во фаза на доказна постапка, беа испитани 2 сведоци и 1 технички советник предложени од страна на одбраната
    07.10.2019
    Рочиштето за главна расправа продолжи во фаза на доказна постапка, при што беше испитан технички советник.
    15.10.2019
    Рочиштето за главна расправа продолжи во фаза на доказна постапка со испитување на технички советник.
    24.10.2019
    Рочиштето за главна расправа се одложи поради отсуство на еден од обвинетите, бранители и сведоци.
    29.10.2019
    Рочиштето за главна расправа продолжи во фаза на доказна постапка и притоа беше испитан еден сведок предложен од страна на одбраната.

 

ВМРО Груевски ТНТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.