Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Двајца контролори од Фондот за здравство осомничени за примање поткуп од лекар

0
By Нова ТВ on December 24, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 24, 2019 16:49

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца контролори во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за примање поткуп од лекар.

„На 23 декември, во ресторан на булеварот „Филип Втори Македонски“ во Скопје, двајцата осомничени како службени лица, контролори во Фондот за здравствено осигурување – Подрачна единица Скопје, директно побарале имотна корист за себе и за друг за да извршат службено дејствие што не би смееле да го извршат. Тие од еден оштетен побарале парични средства во износ од 30.000 денари за да не изречат парична или друга санкција за правно лице – приватна здравствена установа во која сопственик и управител бил оштетениот“, соопшти Јавното обвинителство.

Контролата во приватната здравствена установа, како што е наведено во соопштението, била извршена од 16 до 19 декември, по што бил изготвен записник во кој биле констатирани неправилности при изготвување на образец за привремена спреченост за работа на пациент на кој оштетениот му бил матичен лекар.

„По изготвувањето на записникот, една од осомничените понудила да не биде изречена санкција за контролираното правно лице, а за возврат побарала парична награда – поткуп во износ од 30.000 денари. Од тој износ по 10.000 денари биле наменети за двајцата осомничени и за уште едно засега непознато лице, исто така контролор во Фондот за здравствено осигурување. Второто осомничено лице неколкупати телефонски го контактирало оштетениот, повторувајќи му дека треба да ја даде паричната награда за да нема последици за неговата ординација. Во еден од телефонските разговори тој го договорил времето и местото на средбата во ресторанот за да се изврши примопредавање на побараните парични средства“, се наведува во соопштението од ЈО.

Надлежен јавен обвинител до Судот доставил и предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека мерката притвор е неопходна за да се обезбеди присуството на осомничените во текот на кривичната постапка.

Контролори поткуп ФЗОМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.