НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Итната медицинска помош ќе работи 24 часа за новогодишните празници

0
By Нова ТВ on December 31, 2019 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување за време на новогодишните празници ќе обезбедува 24 часовна грижа за здравствената состојба на граѓаните, соопштуваат од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје. Во новогодишната ноќ ќе бидат достапни дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во Поликлиниките „Јане Сандански“, во Чаир, во Ченто, во Шуто Оризари, во Ѓорче Петров, во Драчево и на Бит Пазар. Исто така, со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.

Поради претстојните прослави на новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош препорачува хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија, граѓаните кои постат по повод Божик да внимаваат со внесување храна по завршувањето на постот, умерено да се користат алкохолни пијалоци за да се избегнаат несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди. Посебно се апелира младата и малолетна популација да не консумира алкохолни пијалоци поради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, да се воздржат од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Од Здравствен дом – Скопје изразуваат надеж дека граѓаните беспрекорно ќе ги почитуваат и ќе се придржуваат кон дадените препораки со цел новогодишните празници сите да ги поминеме во весело и пријатно расположение.

брза помош Нова година
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.