Почина познатата српска актерка Неда Арнериќ, на возраст од 67 години. Според српските медими, телото на глумицата го пронашол нејзиниот брат во трпезарија во нејзиниот стан. Според првичните сознанија, на телото нема знаци на насилство.
Неда Арнериќ е родена на 15 јули 1953 година во Књажевац и имаше богата актерска кариера. Нејзиниот прв филм „Сон“ во 1966 година направи од неа вистинска детска звезда на просторот на тогашна Југославија. Се прослави во култниот филм “Кој тоа таму пее“. Имаше кариера долга половина век. Таа оствари значајни улоги во фимовите„Вишна на Ташмајдан“, “Ужичка република“, „Сутјеска“, „Волтер го брани Сараево“,„Лажливо лето 68“ и други.
Неда Арнериќ играше и во многу италијански филмови, потоа во блокбастерот „Три карти за Холивуд“, а за улогата во македонскиот филм „Исправи се Делфина“на режисерот Александар Ѓурчинов во 1977 година, доби „Сребрена арена“на филмскиот фестивал во Пула, како и наградата „Царица Теодора“ на фестивалот во Ниш.

Добитник е на „Златна Арена“ на филмскиот фестивал во Пула во 1988 година за улога во филмот „Халоа-Празник на курвите“, на режисерот Зоран Зафрановиќ.
За своите филмски остварувања во 2009 година доби „Плакета на Југословенската кинотека“, а во 2010 година, наградата за животно дело„Павле Вујисиќ“.




