Судијата Јованка Спировска Панева денес не ја прочита пресудата во случајот Мијаков против Фокус затоа што, според изјавите на вработените во судот, сите вработени биле на прослава во кафеаната „Мома“. Со овој одговор биле дочекани тужените новинари Јадранка Костова и Владо Апостолов кои денеска уредно дошле на закажаното рочиште во 3 часот попладнево, а на кое требаше да се прочита пресудата.
-Дојдовме пред вратата на судницата и вратата ни ја отвори дактилографката. Не праша „ауу толку ли сте многу дојдени, бадијала сте дошле во судот нема никој сите се на прослава во ресторанот „Мома“ и не информираше дека пресудата е веќе напишана. Кога посакавме да тргнеме во архивата на судот и да се подигне пресудата, дактилографката ни рече дека таму нема никој, сите слават, а во Судот и без тоа се вршело дезинфекција, раскажува новинарката Мери Јордановска која таму беше дојдена за да им даде поддршка на своите колеги кои се тужени.