НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Менгеле – „ангелот на смртта“ од Аушвиц

0
By Нова ТВ on January 27, 2020 ВЕСТИ
Фото: germanculture.com.ua
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Не можам да се сетам на неговото лице, само на педантно исчистените чизми. Слушнав чекори, се сокрив под креветот. Се собрав, замижав. Мислев нема да ме најде“, раскажува Лидија Максимович, една од жртвите на Менгеле.

Лидија Максимович дошла во Аушвиц-Биркенау како тригодишно девојче, во декември 1943 година. Германците го однеле во тој концентрационен логор нејзиното семејство од околината на Минск, во Белорусија.

Фото: rferl.org

Сцените на кои била сведок по доаѓањето не ги заборавила до денес. Било среде ноќ. Приодот го осветлувале рефлектори. Припадниците на „Ес-Ес“ единиците врескале, кучињата лаеле. Семејствата биле брутално разделувани.

И Лидија била одвоена од мајка си и сместена во детската барака. Внатре имало долги низи дрвени кревети. Наместо душеци, на нив имало слама. Сè било полно со гадинки, покривачите биле тврди од нечистотија. Децата страдале од глад и студ. Но, уште повеќе од гладот и студот се плашеле од доаѓањето на доктор Менгеле.

„Ангелот на смртта“ доаѓа во Аушвиц

Јозеф Менгеле е најстар син на Карл и Валбурга. Имале семејна фирма во Гинцбург, на југот на Германија. Студирал медицина и антропологија. По добивањето две докторски титули, станал истражувач на Институтот за биологија на наследување и расна хигиена во Франкфурт.

Фото: ushmm.org

Во летото во 1940 година, Менгеле доброволно се пријавил во „Ес-Ес“ единиците. Три години подоцна, како 32-годишник, тој е испратен во Аушвиц. Тогаш имал чин во ранг на мајор. Како логорски лекар бил ангажиран при селекцијата на затворениците. Посебно го интересирале децата, пред сè близнаците и децата со џуџест раст.

Менгеле проверувал дали бојата на очите може да се промени со помош на инјекции со боја. Децата ги оперирал без наркоза. Близнаците намерно ги заразувал со туберколоза и пегав тифус. Многу деца притоа умираат, други пак се целно убивани. Затворениците го викаат „ангел на смртта“.

Борба за преживување

Малата Лидија не успеала да се сокрие од Менгеле. На нејзе тестирал вакцини. По безброј инјекции, била повеќе мртва отколку жива. Кога мајка ѝ, криејќи се, дошла во детската барака за да ѝ даде малку храна, го нашла своето дете во бессознание. Лидија лежела на дрвениот кревет со висока температура.

„Менгеле не бил ниту болен садист ниту фанатичен националсоцијалист“, напиша Здењек Жофка во својата книга „Гинцбург во времето на националсоцијализмот“. Овој историчар претпоставува дека Менгеле бил „бескрајно циничен“ и дека поради тоа морал да ги посматра своите жртви не како луѓе, туку како „мртов материјал“.

Менгеле бега

Во јануари во 1945 година, непосредно пред доаѓањето на Црвената армија во Аушвиц, Менгеле бега кон запад. Под лажно име се крие во близината на Гинцбург. Во Јужна Америка бега во 1949 година.

Нацистичкиот злосторник, по кој е распишана меѓународна потерница, бил помаган финансиски од своето семејство. Јозеф Менгеле загинал во 1979 година, во несреќа при капење во Бразил. Семејството долго ја крие неговата смрт и за тоа се дознава дури во 1985 година.

Фото: sputniknews.com

Се претпоставува дека семејството сакало да избегне казна – имено, по пет години застарува кривичното дело „криење на информации за барано лице“.

Влијателно семејство

Семејството Менгеле било влијателно. Карл Менгеле, таткото на Јозеф, уште пред војната ја водел фабриката „Менгеле и синови“ која успешно произведувала земјоделски машини. Во ноември во 1932 година, Карл Менгеле ги става халите од својата фабрика на располагање за предизборната кампања на Адолф Хитлер. Во мај во 1933 година станува член на НСДАП.

Фото: deviantart.com

По војната, фирмата работи уште поуспешно. Карл Менгеле станува советник во Градското собрание и втор градоначалник. Во 1952 година е прогласен за почесен граѓанин. И една улица носи негово име. По неговата смрт, фабриката ја презема неговиот син Алојз, помладиот брат на Јозеф. Во меѓувреме, фирмата е пропадната.

Фото: dw.com

Бегање од медиумите

„Менгеле“ – така се јави една жена кога се јавив на телефонскиот број на фондацијата „Семејство Дитер Менгеле“ во Гинцбург. А, кога ја замолив за термин за разговор, таа одговори: „Не сме заинтересирани за контакти со медиумите“. И, го прекина разговорот.

Фондацијата е основана во 2009 година од страна на Дитер Менгеле, син на Алојз Менгеле. Таа досега во добротворни цели има дадено повеќе од 250.000 евра. Но, не сака да има никакви врски со минатото. И, не учествува во проекти на обесштетување на принудните работници, ниту во граѓански иницијативи со кои се потсетува на жртвите на Јозеф Менгеле.

Граѓаните потсетуваат на жртвите на Менгеле

Фото: jns.org

Благодарение на ангажманот на гимназискиот професор Зигфрид Штајгер, во родното место на Јозеф Менгеле – Гинцбург, е подигнат споменик на Јануш Корчак, полско-еврејски педагог, кој во 1942 година е убиен во германскиот логор на смртта, Треблинка. Штајгер има покренато и драмска група која од 2005 година ја игра претставата „Потпалување – или Јозеф М. и неговите истомисленици“.

„Ги критикуваме сите лекари кои спроведуваат злосторнички експерименти врз луѓе“, вели Штајгер. Од страна на цивилното општество дојде и идејата за подигнување споменик на жртвите на Јозеф Менгеле. Учениците од гимназиите во Гинцбург претставија импресивна идеја со десетици човечки очи.

Лидија го преживеа Аушвиц

Лидија го доживеа влегувањето на Црвената армија во Аушвиц на 27 јануари во 1945 година. „По ослободувањето, во бараката имаше 160 деца на возраст од две до 16 години. Јас најдолго живеев во Аушвиц“, вели таа. Само во Аушвиц-Биркенау се убиени повеќе од 200.000 деца.

Фото: dw.com

По војната, Лидија е посвоена од страна на полско семејство. Мајка ѝ долго важела за мртва. По многу години ќерката и мајката се среќаваат повторно.

Стравот од доктор Менгеле останал. Кога играла со други деца, Лидија предупредувала: „Не викајте толку, да не ви дојдат Германците.“

Лидија Максимович по војната завршила хемија. Се омажила, па дури основала и своја фирма. Но, престојот во логорот оставил трајни последици. „Не бев во состојба да сакам вистински и искрено. Ниту своето дете не можев да го сакам онака како што би требало да сака една мајка.“

Репортажата е од серијалот „Вина без казна“, проект на ДВ на полски јазик во соработка со полските интернет-портали Интериа и Виртуална Полска

Аушвиц Јозеф Менгеле Логор Мемоари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.