НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кина: крај на политиката за единствено дете и на камповите за реедукација

0
By Нова ТВ on December 28, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Две големи важни одлуки ќе ја одбележат наредната година во Кина. Одлучено е да се омекне политиката за едно дете по семејство која беше воведена пред 30 години. Кина одлучи исто така да ги укине камповите за реедукација преку работа, јави кинеската агенција Нова Кина.

Овие две реформи беа усвоени преку гласање во Централниот комитет на Комунистичката партија кон средината на ноември а потоа дадени на гласање во Националниот народен парламент.

Во 1957 година беше воведен системот на реедукација преку работа, “лаоџиао”. Преку овој систем беше доволно на барање на полицијата да се затвораат луѓе кои можат да останат во затвор до 4 години.

Оваа мерка во текот на долги години беше применувана и често злоупотребувана. Организациите за одбрана на човековите права тврдеа дека локалните власти во Кина ја користат мерката против лицата кои им се политички или бизнис противници. Според агенцијата Нова Кина, овие кампови станале непотребни откако “се развил судскиот систем” во земјата.

Сепак, експертите тврдат дека треба да се внимава поради тоа што во Кина постојат, под различни имиња, други форми на затворање без судска одлука.

Втората вест во Кина е резолуцијата со која им се дава право да имаат уште едно дете со што ќе се стави крај на политиката за единствено дете која е на сила веќе 30 години. Но ова ќе им биде дозволено само на родителите од кои едниот е единствено дете.

Во моментов на брачните парови им се забрането да имаат повеќе од едно дете. Исклучоци се разбира постојат но досега само за родителите кои се и двајцата единственото дете ви нивните семејства. Исклучок беа и случаевите на децата на малцинствата или брачните парови од село чие што прво дете било женско.

Кинеската агенција јавува дека во одлуката на Националниот народен парламент “локалните власти сега ќе треба да го донесат амандмани во контролата на раѓањето или да донесат одлуки во функција на проценката на нивната локална демографска ситуација и во согласност со новиот закон”. Целта на оваа одлука е да се намали стареењето на кинеското население. Во Кина просекот вели дека секоја жена има 1.5 деца а тоа е бројка која не дозволува обнова на генерациите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.