Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерот Наќе Чулев го сака Синиша Алексовски во кабинетот во МВР

0
By Нова ТВ on February 1, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 1, 2020 14:49

Министерот за внатрешни работи во техничката влада, Наќе Чулев, почнал процедура за преземање на Синиша Алексовски, контроверзниот екс советник на претседателот Ѓорге Иванов, од Агенцијата за разузнавање (АР) во МВР. Од МВР засега молчат, но од Агенцијата за разузнавање за „360“ степени ги потврдиле барањата на Чулев и петте веќе реализирани трансфери.

Поголем број вработени во Агенцијата за разузнавање неодамна за НОВА зборуваа за тесните реалции меѓу Чулев и Алексоски. Според нив изборот на Чулев за технички министер се должи токму на Алексовски. Токму во периодот кога тој беше советник за безбедност кај Иванов, Чулев стана директор на Агенцијата за разузнавање, органот во кој се практично вработени и двајцата вработени.

Трансферот засега не е реализиран зашто заглавил во правните процедури предвидени за преодната влада. Барањето за Алексовски е дел од втор бран преземања од Агенцијата за разузнавање што ги иницира министерот Чулев откако веќе завршил трансферот на петмина вработени од АР во МВР. Во втората тура, Чулев, кој инаку беше директор на АР именуван од Ѓорге Иванов, покрај на Алексовски, бара преземање на уште тројца вработени од Агенцијата за разузнавање.

На прашањето на „360“ степени дали е точно дека Чулев бара преземање на уште четворица вработени од Агенцијата за разузнавање и дека меѓу нив е и лицето Синиша Алексовски, од АР го одговориле следново:

„Потврдуваме дека по именувањето на Наќе Чулев за технички министер за внатрешни работи, од АР во МВР се преземени пет вработени кои сега се дел од кабинетот на министерот како негови најблиски соработници. На министерот, работното место во АР му е во мирување. Дополнително, од МВР до АР побарани се уште четворица вработени, но поради непотполната документација испратена од МВР, истата е вратена на доработка. Очекуваме да биде пратена во АР со што и овие вработени би преминале во МВР“.

Името на Синиша Алексовски беше споменато од српскиот агент Горан Живаљевиќ во контекст на крвавите настави во Собранието на 27 април 2017 година. Живаљевиќ изјави дека бил присутен во парламентот на 27 април со дозвола од кабинетот на Иванов, поточно од советникот за безбедност на претседателот, Синиша Алексовски.

„Тој човек ја знаеше причината за мојот престој таму и за тоа беше известен. Мојата мисија таму не беше тајна и беше добронамерна во однос на безбедноста на Македонија во контекстот на соработката што ја имаме со безбедносните служби на Македонија“, изјави Живаљевиќ.

Кабинетот на Иванов реагираше на изјавата на Живаљевиќ и соопшти дека македонските служби не побарале услуги од него. Како што рекоа од кабинетот на Иванов, Живаљевиќ по завршување на дејствијата и активностите во Собранието, испратил пораки до лица вработени во институциите, меѓу кои и до посочениот советник Синиша Алексовски дека бил во Собранието, но „со цел да обезбеди алиби и да ја намали одговорноста за своето постапување“.

Алексовски беше споменат и во судењето за „27 април“ од обвинетите браќа Стефан и Михаил Младеновски, кои во своја одбрана пред судот кажаа дека им било пренесено дека Синиша Алексоски, советник за национална безбедност на Иванов, кажал дека ноќта на 27 април, во 22 часот, ќе биде прогласена воена состојба.

„Стаса информација дека Синиша Алексовски се јавил и кажал оти Иванов ќе предложи воена состојба. Рече дека воена полиција чека на готовс да го апси раководството на СДСМ. Но, во 10 часот Иванов не го стори тоа“, рече во своето сведочење во понеделникот Михаил Младеновски.

Според советникот на Иванов, сведоштвата на обвинетите се конструкции на лаги, непостоечки комуникации и рекла-казала муабети. Тој рече дека станува збор за уште еден обид да биде инволвиран во воена состојба и тврди дека доколку обвинетите знаеле кои се условите и административната процедура за прогласување воена состојба не би биле предмет на манипулација.

„Внимателно ги прочитав исказите на обвинетите Младеновски и ги охрабрувам да кажат сè, но не и да лажат. Запознаен сум дека, правно, обвинетите имаат право да дадат лажен исказ во своја одбрана. Но, изјавите на обвинетите дека биле изманипулирани и слепо верувале на измамници не можат да се поткрепат со конструкции на лаги, непостоечки комуникации и рекла-казала муабети. Кој што им ветувал, кој ги лажел, како ги манипулирал, на кои имиња се повикувале за лагата да им биде поуверлива, нема да им ја намали одговорноста. Ова е уште еден очаен обид и намера да нè инволвираат во измислената во нивни глави, воена или вонредна состојба. Доколку знаеле кои се условите и административната процедура за прогласување воена состојба не би биле предмет на манипулација“, се вели во тогашната изјава на Алексоски, испратена од Кабинетот на Иванов.

алексоски Кабинет МВР чулев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.