Полскиoт пијанист и композитор Војчех Килар, кој беше номиниран со БАФТА за неговата музика на оскаровскиот филм на Роман Полански “Пијанистот”, почина на возраст од 81 година.
Композиторот почина во неговиот роден град Катовице, јужна Полска, по долго боледување.
“Моќта и пораката на неговата музика … ќе остане во моето сеќавање засекогаш”, рече Јержи Корновиц, претседател на Здружението на полски композитори.
Во неговата работа како филмски композитор се вбројуваат Дракула и филмот на Полански Деветтата порта.