Published: Thursday, February 6, 2020 16:39
Славниот актер Кирк Даглас почина во 103-та година од животот, соопшти неговиот син, актерот Мајкл Даглас. Веста за смртта, Даглас помладиот ја потврди за списанието „Пипл“, пренесоа британските медиуми.
„Со огромна тага, јас и моите браќа соопштуваме дека Кирк Даглас нè напушти. За светот беше легенда, актер од златната ера на филмот, кој и самиот доживеа златни години, хуманитарец чија посветеност кон правдата и принципите во кои веруваше на сите им станаа стандарди кон кои треба да тежнееме“, наведе Мајкл.




