Поранешниот претседател на Египет, Хосни Мубарак, по долго боледување, почина денеска на 91 годишна возраст, пренесоа тамошните емдиуми. Британскиот сервис „Би-Би-Си“ јави дека Мубарак починал во болница во Каиро. Мубарак ја извршуваше претседателската функција во Египет во периодот од 1981 година до 2011 година, кога поднесе оставка како последица на протестите на т.н. Арапска пролет.
На Мубарак во 2011 година му беше дијагностициран рак на желудникот по што следуваше и оставката. Неговата состојба, набрзо потоа, дополнително се искомплицира по инфарктот што го доживеа, откако беше осуден за наводно нарчување на убиства на демонстранти. Тој беше ослободен од сите обвиненија во 2017 година.
Агенцијата „АП“ во својот текст наведе дек Мубарак за време на владеењето бил непоколеблив сојузник на САД, борец против исламските милитанти и чувар на мирот меѓу Египет и Израел. Но, таквото мислење не делеа десетици илјади млади кои во 2011 година минаа десетина дена на отворено на централниот плоштад „Тахрир“ во Каиро и на други места низ градот и државата.




