НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промовирана стихозбирката „Јас сум Цако“ од Александар Матовски-Цако

0
By Нова ТВ on February 26, 2020 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стихозбирката „Јас сум Цако“ од Александар Матовски-Цако синоќа беше промовирана во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Издавач е „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина“.

– Цако ги ниже песните како бисери, за секоја драга личност по една. Запишани се онака како што ги доживува, како лирски слики. Од нив извира чиста емоција од некој што животот го живее со полни гради и чиешто мото е: човек кога е со љубов, ќе постигне повеќе. Токму таа, љубовта, е централна тема во поезијата на Цако. Кон дедо му, семејството, неговиот идол Тоше, жените, природата, животот воопшто. Тие се парчиња од мозаикот што ја сочинуваат синтагмата „Јас сум Цако“. Неговата поезија, како и сѐ она што го прави тој, се вистинска инспирација за лицата со попреченост, истакнаа од „Арс Ламина“ на промоцијата.

Александар Матовски-Цако почнал да пишува поезија на осумнаесетгодишна возраст, а оваа поетска трилогија е создадена во периодот од 2009 до 2019 година. Тој вели дека желбата за поезија кај него постоела одамна, но никогаш не била објавена на ваков начин. Ја имало во некои негови интервјуа и слично. Таа се родила паралелно со неговата радиоемисија „Јас сум Цако“ на Радио МОФ, во која ги чита и своите песни.

– Така се вљубив во поезијата. Оваа книга е изработена со љубов. Тоа е и мојата инспирација да пишувам нови и нови песни. Стиховите ги посветувам на сите оние што сакаат љубов… Не е важно каква емоција имаш. Само да е емоција. Така излегуваат моите најубави песни. Како и во емисијата, така и во книгата „Јас сум Цако“ во песните се кријат емоциите и надежта за подобро утре. Моите песни носат порака за сите љубители на пишаниот збор. Пријатели мои, бидете живи, здрави, креативни и читајте книги, рече Цако.

Промоцијата беше збогатена со проекција на шестминутното видео „Чија е оваа песна“, снимено по сценарио на Александар Матовски-Цако, а посветено на неговата мајка, Снежана Матовска. Таа се обрати пред присутните и ја истакна важноста на семејството во растењето и интеграцијата на лицата со попреченост. Им се заблагодари на присутните за поддршката што му ја даваат на Цако.

Александар Матовски-Цако (1991), иако е роден со Даунов синдром, вклучен е во редовниот воспитно-образовен систем. Минатата година дипломираше на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, на групата предучилишно образование. Тој е член и на здруженијата Инклузивни решенија КРИК и „Трисомија 21“. Автор е на радиоемисијата „Јас сум Цако“, која веќе пет години еднаш месечно се емитува на интернет-радиото Радио МОФ. Повеќе од десет години тренирал карате во карате-клубот во Ѓорче Петров и е носител на кафен појас. Во моментов е дел од танцовиот клуб „Денсерс јунајтед“, формација Даун синдром, со кој има освоено повеќе државни, европски и светски титули и златни медали во пара-категорија. Тој е голем активист и борец за човекови права и правата на лицата со посебни потреби. Цако се има претставено со сопствена презентација на Светската конференција за лица со Даунов синдром во Обединетите нации.

Книгата „Јас сум Цако“ веќе е достапна во сите книжарници „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.