Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Евростат: Раст на процентот на вработени жени, но се уште помалку од мажите

0
By Нова ТВ on March 8, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 8, 2020 12:11

Процентот на вработени жени на возраст меѓу 20 и 64 години во Европската унија во 2018 година изнесува 67 отсто, што е раст од еден процентен поен во однос на претходната година и пет процентни поени во однос на 2008 година. Сепак, процентот на вработени жени се уште е помал од процентот на вработени мажи на иста возраст и разликата изнесува 12 процентни поени.

Најголема стапка на вработеност меѓу жените има Шведска – 80 проценти, додека најниска Грција – 49 проценти и Италија – 53 проценти. Кај нас стапката на вработеност на жените изнесува 45,2 проценти.

Разликата меѓу половите варира меѓу земјите членки на ЕУ. Најголема разлика имаат Малта – 22 процентни поени и Грција – 21 процентен поен, додека најниска разлика има Литванија – 2 процентни поени.

Кај нас стапката на вработеност на мажите изнесува 66,6 проценти, што претставува разлика од 21,4 проценти поени во однос на стапката на вработени жени.

Меѓу земјите членки на ЕУ стапката на вработеност за мажи е поголема од таа за жени, иако разликата е намалена од 15 процентни поени во 2008 година на 12 процентни поени во 2018 година.

Кај нас разликата меѓу процентот на вработени мажи и жени е зголемена споредено со 2008 година, кога изнесувала 20 проценти. Во 2008 година процентот на вработени мажи во нашата земја изнесува 56,2 проценти, додека кај жени 36,2 проценти.

Стапката на невработеност на ниво на ЕУ се уште е поголема кај жените. Стапката на невработеност кај жените во ЕУ во 2019 година изнесува 7,1 проценти, што е повеќе споредено со 6,4 проценти – невработеност кај мажите. Меѓу земјите членки на ЕУ стапката на невработеност кај жените се движи од 16 проценти во Шпанија до 2,4 проценти во Чешка.

На ниво на ЕУ жените многу е поверојатно да работат половина работно време. Една третина (30 проценти) од вработените жени во ЕУ во 2018 година работеле половина работно време, што е речиси четири пати повеќе од процентот на мажи – од кои само 8 отсто работеле половина работно време. Најголем процент на вработени жени кои работеле половина работно време во ЕУ има во Холандија – 74 проценти, додека најниска стапка во Бугарија, каде само два проценти од вработените жени работеле половина работно време.

Кај нас само 3,4 проценти од вработените жени работеле со половина работно место, што е незначително поголем во однос на мажите, од кои 3,3 проценти работеле со половина работно време.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.