Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека ги прекинува сите летови од ЕУ во САД во следните 30 дена, Забраната почнува да важи од петок на полноќ, а се однесува и на карго сообраќајот. Трамп изјави дека тоа се новите упатства за патувања во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.
Во телевизиско обраќање, тој рече дека сите патувања од европските земји ќе бидат прекинати во наредните 30 дена.
Сепак, Трамп, нагласи дека „строгите, но неопходни“ ограничувања нема да важат за Велика Британија, каде сега се потврдени 460 случаи на вирусот.
Досега има 1.135 потврдени случаи на коронавирус ширум САД и 38 смртни случаи.
„За да го спречиме влегувањето на нови случаи, ние ќе ги прекинеме сите патувања од Европа“, рече Трамп.
„Новите правила ќе стапат на сила во петок на полноќ“, додаде тој.




