Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори во Бангладеш, насилства и бојкот

0
By Нова ТВ on January 5, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 5, 2014 10:04

Во Бангладеш денеска се одржуваат парламентарни избори, а голем број граѓани нема да излезат на гласање, имајќи предвид дека опозицијата вчера започна дводневен штрајк поради како што вели, „изборната измама“.

Покрај бојкотот, изборите ги обележи и насилството кое се заканува да создаде криза во оваа азиска држава. Само денеска во насилство загинаа шест лица, а утрово се затворени 120 гласачки места поради напади, палење на гласачки ливчиња и изборен материјал.

Поради страв од напади и насилства, во кои околу 159 луѓе ги загубија животите пред изборите, ангажирани се околу 50.000 војници за безбедноста ширум земјата.

Полицијата соопшти дека од синоќа до утринава биле нападнати повеќе од 200 полициски стници во Бангладеш.

Во квартот Мирпур во главниот град Дака, каде се регистрирани околу 24.000 гласачи, во првите два часа гласале само 25 луѓе.

Бидејќи опозицијата ги бојкотира изборите, во изборната трка ќе бидат главно кандидатите на владејачката партија Авами и нејзините сојузници.

Премиерката Шеик Хасина, и покрај тврдењата дека изборите се фарса, одлучила дека тие мораат да бидат одржани. Опозицијата инсистираше Хасина да поднесе оставка и да ја предаде власта на независно тело кое би ги набљудувало изборите, но таа ги отфрли ваквите барања.

Но опозициската Национална партија на Багладеш, која ги бојкотира изборите, и покрај генералниот штрајк веројатно нема да може да го спречи повторниот избор на актуелната премиерка.

Од распишувањето на изборите во октомври минатата година, во насилство во земјата загинале околу 150 луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.