Published: Thursday, March 19, 2020 15:23
Портпаролот на министерството за здравство на Иран, Кијануш Јаханпур, објави денеска на Твитер дека на секои 10 минути, еден Иранец умира од коронавирусот, јавува Си-Ен-Ен. На секој час, најмалку 50 Иранци се заразени.
Министерството за здравство на Иран потврди 149 нови смртни случаи од коронавирус во изминатите 24 часа, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи на 1.284 денеска. Ова е најголем број на смртни случаи во земјата во однос на 24.часовниот период од почетокот на појавата на коронавирус.
Имаше дополнителни 1.046 потврдени случаи на коронавирус со што вкупниот број достигна 18.407, изјави заменик-министерот за здравство на Иран Алиреза Раиси.




