Во последните 24 часа во Италија, како последица на коронавирусот, е регистриран 651 смртен случај со што вкупниот број на жртвите се зголеми на 5.476, соопштија вечерва италијанските здравствени власти.
Во Италија од Ковид-19 се заболени 59.138 лица, односно бројот на новозаболени порасна за 10,4 отсто, што е најмал раст по „експлозијата“ на болеста на 21 февруари, пренесоа британските медиуми.
Од вкупниот број на заразени од вирусот досега оздравеле 7.024 лица, а на интензивна нега сè уште се наоѓаат 3.009 лица. Најпогоден е регионот Ломбардија, во кој се евидентирани 3.456 починати лица и 27.206 заразени.