Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР: Граѓаните сами ќе ги платат авионските карти за чартер летовите до Македонија

0
By Нова ТВ on March 23, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 23, 2020 16:19
Министерството за надворешни работи соопшти дека враќањето на македонските граѓани во земјава ќе подразбира трошокот да биде платен од самите граѓани, имајќи ја предвид сериозноста на економската состојба, предизвикана од кризата со Корона вирусот.
-Со оглед на притисокот врз буџетот предизвикан од кризата со коронавирусот, владата одлучи граѓаните кои ќе бидат вратени во земјата со чартер летови организирани од државата, ќе добијат обврска за плаќање на своите авионски карти. Во моментов се разгледува можноста за одложено плаќање на рати, вели МНР.

Вчера, министерот за надворешни работи Никола Димитров, на неговиот Фејсбук профил објави вест дека “oд вкупно 3o пријавени, 7 граѓани се согласија да бидат во задолжителен карантин и денес се вратија”.

-Ја информирам јавноста дека денес во утринските часови на Меѓународниот аеродром Скопје слета полски хуманитарен чартер лет за да си ги врати дома полските државјани затечени во Северна Македонија. Во соработка со полското МНР, понудивме враќање во земјата на македонските државјани во Полска кои побарале помош преку нашата Амбасада во Варшава.

Од вкупно 3o пријавени, 7 граѓани се согласија да бидат во задолжителен карантин и денес се вратија. Добредојдовте дома! Благодарност до Полска!”- напиша Димитров на Фејсбук.

Освен тоа, сите македонски државјани кои се заглавени во меѓугранични простори или аеродроми, а сакаат да се вратат во земјава, да се пријават во најблиското државно конзуларно претставништво (ДКП) до денеска во 18 часот. Тоа ќе може да направат на е-маил адреси и телефоните на македонските ДКП во земјите во кои се наоѓаат или во најблиското ДКП во соседна земја или во регионот. Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт најавија организирање на хуманитарни летови и конвои по што ќе треба да минат 15 дена во задолжителен државен карантин.

Како што соопшти вчера министерот за надворешни работи, Никола Димиров, моментно има околу 2.300 македонски државјани од кои најмногу затечени во европските земји. Според него, пријавувањето е важно за да се има прецизна евиденција и податоци и само на тој начин ќе може веднаш да почне со организирација на летовите и конвоите.

„Сите кои се немаат пријавено, а сакаат да се вратат во земјава, да го сторат тоа до недела во 18 часот, бидејќи ова нема да биде процес што ќе се одвива континуирано. Се работи за големи трошоци, голема организација, државата нема да може редовно да врши организација на вакви хуманитарни конвои“, истакна Димитров и уште еднаш порача дека сега не е време за патување во странство.

Министерот најави и дека во наредните денови ќе биде организиран хуманитарен конвој од Црна Гора каде има околу 70 наши граѓани. И тие ако дојдат во земјава ќе бидат ставени во задолжителен карантин. Трошоците ќе бидат на товар на државата.

Се контактираат и сите земји од Шенген зоната – доколку некои граѓани, поради актуелната состојба со коронавирусот, го пробијат рокот за максимум престој од 90 дена да не сносат правни последици.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.