Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Алкалоид“ донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 неопходни производи

0
By Нова ТВ on March 24, 2020 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 24, 2020 14:55

Веќе две недели компанијата „Алкалоид АД Скопје“ функционира во извонредно турбулентни услови. Се бориме за обезбедување залихи на производи кои не ни се примарна дејност, но во моментов се од суштинско значење за сите:Се соочуваме со огромни логистички предизвици во услови на затворени граници, блокирани и поскапени суровини и амбалажи; секојдневно носиме одлуки кои се од исклучителна важност за компанијата, при тоа ставајќи акцент на врвниот приоритет-Здравјето на луѓето, информираат од компанија..

„Сето ова се случува во услови кога над 200 наши вработени кои припаѓаат на ризичните групи граѓани се отсутни од работа, па мораме да ги пополнуваме испразнетите места во производните погони со кадар од административните сектори. Почнувајќи од денес, ќе мораме да ги адаптираме и сменските работења во согласност со дозволените термини на движење, имајќи предвид дека голем дел од нашите вработени доаѓаат на работа од подрачја кои гравитираат кон градот Скопје, а сѐ со цел да ги исполниме барањата на пазарот со наши производи.

Во услови кога сите светски економии се оставени сами на себе и се борат за ублажување на ефектите од нова економска криза, кога губењето на работни места е неминовен дел од таа сурова реалност, кога логистичките пречки ја добиваат битката за пласман на производите, ретки се компаниите кои можат да ги надминат овие предизвици и да помогнат на своите економии во вакви тешки времиња.

Додека сѐ уште се консолидираат ресурсите за справување со посилен импакт од вирусот Covid-19, „Алкалоид АД Скопје“ и покрај сите логистички и ресурсни предизвици, одлучи да ги намали цените на 158 свои производи кои во моментов се наоѓаат на листата на потреби веројатно на секое македонско домаќинство: фармацевтските брендови „Аналгин“, „Кафетин“, „Прокулин“, „Бетадине“„Ацерола“, „Блокмакс“, „Бронлес“, лекови за намалување на телесната температура, одредени помошни лековити средства, разни витамини и додатоци во исхраната, средствата за чистење од колекцијата „Глос“, сите дезинфициенси, антисептици, средства со антибактериско дејство и други слични производи.

Информацијата за намалувањето на цените на овие производи е проследена до сите чинители во дистрибутивниот ланец (веледрогерии, аптеки, дистрибутери и поголеми ланци на маркети) и истото намалување очекуваме дека ќе се пренесе до крајните корисници.

„Алкалоид АД Скопје“, денес донираше износ од 12.300.000 денари (200.000 евра) на посебната наменска донаторска сметка на македонското Министерството за здравство формирана за целите на справување со здравствената криза.

Осврнувајќи се на сите кризи низ кои компанијата минала во изминативе 84 години постоење, оваа е можеби најневообичаената до сега. Изолација сред цивилизација, страв од непознато, борба за зачувување на најскапоценото-здравјето на луѓето. Љубезно апелираме до целата македонска јавност да ги следи и најодговорно да ги почитува препораките на Министерството за здравство и Владата со цел да се превенира најлошото можно сценарио.

Во оваа прилика, ние како компанија, би сакале да упатиме голема благодарност и желби за добро здравје на сите здравствени работници во земјава и на сите македонски граѓани, а како традиционален партнер на македонското здравство и фармација и како еден од столбовите на македонската економија, подготвени сме со сите научни, технолошки и кадровски капацитети да помогнеме во справувањето со оваа здравствена криза, затоа што ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЀ!, се вели во известувањето од Алкалоид АД Скопје“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.