После 25 години режисерот Дeјвид Линч реши да продолжи со снимањето на некогаш култната серија „Твин Пикс“.
Емитувањето на серијата изнедано беше прекинато во 1991 година откако во една епизода се насетуваше продолжение. Имено духот на Лора Палмер му шепна на агентот на ФБИ Дејли Купер дека повторно ќе се сретнат за 25 години.
Дејвид Линч на големо планира продолжение на серијата која започна да се емитува 1989 година. Во Лос Анџелес денеска се одржува и кастинг за улогата на келнерка.
Специјалното издание на Твин Пикс со кое ќе се одбележи јубилејот од почетокот на снимањето на серијата ќе биде објавен на „Блу Реј“.
Своевремено серијата имаше 14 номинации за наградата „Еми“.