Од Италија и натаму стигнуваат драматични вести. Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 743 лица. Денес починаа 142 лица повеќе од вчера. Црниот рекорд беше остварен во саботата, кога имаше 793 мртви. Во земјата вкупната бројка за починати изнесува 6.820 луѓе.
Инфицирани се вкупно 69.176 лица, од кои 5249 се заразени во последните 24 часа, што е за 142 помалку од вчера. Ова е втор најлош ден во Италија. Вчера 602 лица починаа од коронавирус во Италија, 651 лица во неделата, 793 во сабота и 627 во петокот.
Градоначалникот на Бергамо, епицентарот на вирусот, Џорџио Гори, изјави дека официјалните статистики може да го потценат вистинскиот број починати лица. Тој вели дека во неговиот регион вчера биле регистрирани 112 починати, но дека вистинската бројка е поголема. Сите оние кои не биле запишани во статистиката, појаснува тој, биле стари лица со дијагностицирана пневмонија, еден од типичните сипмотоми на Ковид – 19.




