Published: Wednesday, March 25, 2020 15:43
Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, денеска повика на меѓународна солидарност во време кога светот е погоден од пандемија на коронавирус.
„Националните напори што ситуацијата ги бара од секој од нас не смеат да резултираат со спирала на национален егоизам“, рече Мас пред состанокот на Г7 што треба да се одржи денеска.
Министрите за надворешни работи на Г7, седумте индустриски најразвиени држави во светот, ќе одржат видео конференција попладнево, а една од главните теми ќе биде брзото ширење на пандемијата на коронавирусот.
„Приоритетите на германската Влада се да ги координираме нашите активности со нашите партнери ширум светот и да покажеме солидарност“, рече германскиот министер за надворешни работи за агенцијата ДПА.




