Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петмина заболени на Кожна клиника- лекот започна да се дава на двајца пациенти

0
By Менче Атанасова Точи on March 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 25, 2020 17:32

Почина 66 годишната пациентка од Дебар која подолго време беше приклучена на респиратор. И покрај сите напори на лекарите, заболената од коронавирусот почина пред неколку часа. Во нејзината историја е забележано дека прима хронична терапија за хипертензија. Тоа е трет смртен случај од Ковид 19 во државата за само три дена

Пет заболени со коронавирус од првите 30 тестирани од вработените на Кожна клиника. Тоа е првата група од шест колку што се планирани да се направат, сукцесивно заради големиот број на лица(околу 200) кои што биле во непосреден контакт со поранешната директорка на клиниката. Кај нив тестирањето  започна два дена подоцна, а откако истече периодот на изолација од 14 дена. Министерот Венко Филипче посочи дека досега 15  здравствените работници во земјава се позитивни на коронавирус.

И во Куманово има тројца нови заболени, сите биле во контакт со почината пациентка од коронавирус, информира министерот за здравство Венко Филипче.

„На сите петтимина вработени од Клиниката за кожни болести се чувствуваат добро , без симптоми. Спроевди се мерки за понатамошна изолација. Нема нови заразени здравени работници во Куманово а новите троца заболените биле во контакт со почината пациентка. Се анализира епидемиолошки семејството и сите други контакти и таму можно е да има и дополнителни мерки . Ширењето на вирусот се анализира и според сознанијата досега, таму и на други места се шири капковно или преку допир со раце“, рече министерот Филипче.

Од денеска на новата терапија се ставени двајца пациенти на Инфективната клиника. Министерот Филипче нагласи дека оваа терапија не се дава на секого, туку со однапред строг критерум таму каде што има можност за индикација.

„Ставени се двајца пацинти на оваа терапија, но нагласувам дека не се дава во случи кога има кардиолошки промени. Затоа лекот ќе се дава исклучиво во болнички услови, кај оние пацинети кај кои лекарите ќе проценат дека може да се аплицира. За таа цел пацинти кои се во домашни услови ќе се транспортираат до клиниката за таму да ја примаат терапијата, “, рече Филипче.

Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да не ја земаат на своја рака комбинацијата од овие два вида лекови, анибиотокот и лекот против маларија бидејќи може да даде контраиндикации и проблеми со срцето.

Нови 29 случаи на коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа во земјата, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица. Еден е излекуван и двајца се починати пациенти.

Новите дијагностицирани се во следните градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Филипче рече дека кај четворица пациенти на Инфективна клиника се направени контролни тестови, сите се негативни, а тројца од нив се значително во подобра состојба. Откако ќе се повторат тестовите уште еднаш тие може да бидат пуштени дома.

Тој најави дека викендов или на почеток на следната недела ќе се излезе со детална статистика за тоа што досега се случува со бројот на пациенти, со јасно прикажани дијаграми како се однесуваат бројките и нормално очекувањата во рамки на можен процент на грешка, согласно анализата на епидемиолозите.
„Денеска ќе имаме и дефинитивна бројка на сите лаборатории, согласно посетата и стручните состаноци на раководителката на лабораторијата во Институтот за јавно здравје на приватните установи и доколку ги исполнуваат условите да се вклучат во мрежата за да се зголеми капацитетот на тестовите.  Денеска имаше и состанок за тоа како оперативно ќе се спроведе мобилното тестирање, пред се во местата градовите каде што сметаме дека најмногу треба да се олесни пристапот на пациентите за да се пристапи и до потенцијални ризични групи. “, рече министерот Филипче.

Засега добро фукционираат пунктовите каде што се закажуваат тестовите, рече Филипче и нагласи дека мерките кои с е применуваат даваат резултати односно се покажале за сигурни и во другите земји. Тоа се изолацијата и тестирање после 14 дена доколку претходно нема симптоми.

„Кога ќе помине периодот на изолација е најдобро да се направи тестирање. Тестовите кои ги имаме не се 100 посто сигурни, значи и таа сигурност од 99 проценти може да остави можност за сомнеж. Овие тестови сепак се најсигурни, заедно со епдемиолошката анкета, изолацијата  и строгите мерки, и така даваат резултати“, рече Филипче.

Министерот апелираше до верските заедници особено од црковните служби кои ги повикуваат граѓаните да одат да ги посетуваат храмовите, па дури  и шетаат со возила низ градовите, да се воздржат од тоа бидејќи масовни собирања се строго забранети.

Владата денеска одлучи во текот на викендоот полицискиот час да важи за сите граѓани почнувајќи од 16 до 5 часот наутро.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.