Претседателот на регионот, Атилио Фонтана, попладнево соопштува дека таму се случува нешто што е над секое разбирање и проноза, регистрирајќи нагло зголемување на заразените лица во однос на вчерашниот ден, кога се регистрирани 723 нови случаи, а за 24 часа таа бројка се искачи за 1.600 нови.
Во старечкиот дом во предградието на Милано од 4 март починаа 59 стари лица, а во него се наоѓаат уште 91, кои се затворени и изолирани и не е познато дали се заразени или не. Слични вести доаѓаат од Рим, дека има голем број починати и заразени во старечки домови, без соодветна контрола и медицинска помош за нив.
За еден ден, од 31 смртен случај меѓу докторите во Италија, се стигна до 39. Повеќето од нив првично беа лекари од општа пракса кои не знаеле дека примаат заразени граѓани на преглед, но сега меѓу починатите има и специјилисти, искусни лекари.
Од вечерва започнува конкурс за прием на 500 нови медицински сестри кои ќе можат да ги заменат на работа оние кои се над границите на издржливоста.
Една позитивна вест доаѓа од Цивилна заштита. Првиот човек на одделот Анџело Борели, за кого вчера беше објавено дека е позитивен за вирусот корона бидејќи имал треска, денеска се дознава официјално дека тој не е позитивен и утре се враќа во својата нормална работа.
Центарот за цивилна заштита доби информација за состојбата во Италија, сегашниот број заразени лица во Италија е 62.013, што е повеќе од вчерашниот број за 1.000 случа. Вкупното пораст е 4.492, бројот на починати е 662 повеќе, што е малку помалку од вчерашниот. Вкупно број на починати е 8.165, а бројот на оние кои оздравеле е 10.361 – 1.000 повеќе од вчера.
Ломбардија сè уште е завиена во црно, 22.198 заразени, скоро 1.600 повеќе од вчера, а бројот на починати е зголемен – денес има 387 починати и малку помал број од оние кои се излечени. Вкупниот број заразени во Италија од почетокот на коронарниот вирус е 80.539.




