НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Груевски има изградено само 7,6 километри автопат

0
By Нова ТВ on January 9, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Никола Груевски немоќен да ја смени реалноста што стана видлива, во којашто “дела“ нема, почна да се правда за катастрофалните политики. Со лаги. Милијардата за инфраструктура со која денеска се фалеше Груевски е во најава, реагира опозиционата СДСМ.

Според СДСМ, Никола Груевски во седумгодишното владеење има изградено само 7,6 километри автопат, тоа е автопатот Табановце – Куманово. Ја реконструираше 27 километарската делница Катланово – Велес и ја дозаврши скопската заобиколница. За сето ова во просек годишно Владата на Груевски давала по 17 милиони евра. Тоа е приближно колку сумата за 11 изградени споменици во Центарот на Скопје, како што покажа Ревизорскиот извештај за Скопје 2014.

– Ако се зборува за магистрални патишта, токму рекламата на ВМРО – ДПМНЕ насловена “Изградени патишта“ покажува дека Груевски од 2006 до 2013 година во просек вложувал во 3,7 километри магистрала. Во што биле инвестирани по 2 милиона евра годишно.
За 4-те лавови на мостот Гоце Делчев отидоа 3 милиони евра пари на граѓаните.
Дали можеби Груевски под вложувања во инфраструктурата, мисли на сумата од 4,7 милиони евра што ја одвојувал за локални патишта?! Колку половина објект Триумфална порта?!

– Според рекламниот памфлет на ВМРО – ДПМНЕ, Владата на Груевски во 7 годишното владеење, во просек, за патишта трошела по 33,7 милиони евра годишно. Тоа се не цели 236 милиони евра за патишта за сите 7 години власт!

– Останатите 700-тини милиони евра за патишта Груевски ги ветува до 2018 година.
Премиерот Груевски треба да и објасни на јавноста каде ја говори вистината, во денешното негово тврдење, во отчетот на ВМРО – ДПМНЕ или во рекламите. Или можеби никаде?!, велат во СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.